Почетна » Новости » Занимливости » Instagram vs. Реалност: Блогерка преку фото-споредби ја покажува вистината зад „совршените“ интернет фотографии

Instagram vs. Реалност: Блогерка преку фото-споредби ја покажува вистината зад „совршените“ интернет фотографии

„Совршените“ фотографии кои непрекинато никнуваат на Instagram најчесто се резултат на планирани пози, добро осветлување, десетици неуспешни обиди и малку или многу Фотошоп.

Приклучувајќи се кон трендот за споделување на искрени фотографии, блогерката Чеси Кинг објавува фото-споредби на кои е прикажана реалноста зад атрактивните фотографии.

„Instagram е една од најважните причини што сите сакаат да изгледаат совршено во бикини, дефинитивно. На Instagram гледав само совршенство. Ми требаше подолго време за да стигнам до момент да носам бикини без да сакам да ја грабнам крпата за да ја замотам околу себе кога и да ме гледаше некој“ - вели таа.

Преку споредбите, 24-годишната девојка се надева дека ќе им покаже на младите дека никој не е совршен и дека ќе придонесе за зголемување на нивната самодоверба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19673 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.