Почетна » Новости » Занимливости » 50 нешта кои сакам да ѝ ги кажам на ќерка ми на 18-тиот роденден

50 нешта кои сакам да ѝ ги кажам на ќерка ми на 18-тиот роденден

Мајка состави прекрасна листа со лекции кои сака да ѝ ги пренесе на ќерка си на нејзиниот премин во светот на возрасните.

Еве што Џина Мејџорс ѝ порача на ќерката за нејзиниот 18-ти роденден:

Мајка и ќерка

Цел ден размислував што да ти кажам, моја убава ќерко, сега кога полниш 18. Никогаш не мислев дека времето ќе помине толку брзо. Те сакам повеќе од сè и сум благословена што сум твоја мајка. Имам некои работи кои сакам да ти ги кажам на денот кога официјално стануваш возрасна личност. Ова ќе биде долго, ќерко, но те молам да го прочиташ цело:

  1. Сакај се прво себеси.
  2. Средното училиште не е вистинскиот живот. Подготви се.
  3. Некои девојки/жени едноставно се злобни. Крени ја главата девојче – продолжи да чекориш.
  4. Ако пронајдеш ВИСТИНСКА пријателка, чувај ја без разлика колку сте далеку една од друга.
  5. Предметите нема да те направат среќна.
  6. Не осудувај никого, но очекувај да ти судат. Повторно ќе речам, главата горе.
  7. Запознај ја баба ти на ниво на возрасна личност.
  8. Не е секој проблем крај на светот.
  9. Избирај ги твоите битки, не вреди да се бориш секогаш.
  10. Не се споредувај со другите, никогаш нема да има друга како тебе.
  11. Без разлика колку многу сакаш некого, не го губи својот идентитет.
  12. Зборувај – пронајди го твојот глас и користи го!
  13. Научи го зборот „НЕ“ и не плаши се да го користиш без грижа на совеста.
  14. Имаш можност да ја напишеш твојата приказна, исполни ги страниците со среќа.
  15. Никогаш не трчај по маж, вистинскиот ќе те пронајде.
  16. Научи како да ги прифаќаш комплиментите грациозно и обиди се да веруваш во нив.
  17. СЕКОГАШ БИДИ ИСКРЕНА! Вистината боли само кога треба да боли.
  18. Научи како да бидеш среќна во сопствената кожа и како да бидеш задоволна сама.
  19. Никогаш не се плаши да споделиш нешто што ти буди страст.
  20. ОК е да не се согласуваш со нешто, но потсети се на број 9.
  21. Читај сè што ќе ти падне в раце. Знаењето е моќ.
  22. Ако одиш дома кај некое момче и ако не видиш книги, бегај оттаму.
  23. НЕ СИ НИЧИЈА СОПСТВЕНОСТ!
  24. Секогаш залагај се за себе. СЕКОГАШ.
  25. Не се плаши од неуспех. Така ќе учиш.
  26. Никогаш не испраќај по електронски пат нешто што не сакаш да го видиш испечатено на насловна страница. Дури и ако го избришеш, тоа може да биде пронајдено.
  27. Служи им на другите безусловно, добрите дела носат среќа.
  28. Биди кротка, благодарноста открива карактер.
  29. Секогаш верувај им на своите инстинкти. СЕКОГАШ.
  30. Биди љубезна!
  31. Твоите постапки ќе те дефинираат, не твоите зборови.
  32. Не ги голтај твоите чувства, најди начин безбедно да ги искажеш.
  33. Барај ја убавината во сешто.
  34. КОРИСТИ ЗАШТИТЕН ФАКТОР!
  35. Одржувај контакт со луѓето кои те сакаат.
  36. Секогаш чекори со крената глава. Самодовербата е привлечна.
  37. Плачи кога имаш потреба и наоѓај сила во твоите солзи.
  38. Смеењето е добро за душата.
  39. Исто како што е ГЛАСНАТА музика. Пушти ја и танцувај!
  40. Зборовите можат да изградат мостови или да ги изгорат, внимателно избирај ги!
  41. Домот е кај оние што ги сакаш, не каде што живееш.
  42. Ако се извиниш прва, не значи дека си слаба.
  43. Работи и работи напорно. Секогаш заработувај за себе.
  44. Знам дека во некои денови ме мразиш, но јас секогаш ќе те сакам.
  45. ТИ СИ ДОВОЛНА!
  46. Можеш да ми кажеш сè, во секое време. Секогаш ќе бидам тука за тебе.
  47. Потсети се уште еднаш. Секогаш ќе те сакам.
  48. Ти си повеќе од способна.
  49. Ти си убава, никогаш не дозволувај некој да направи да се чувствуваш поинаку.
  50. Живеј го животот од ден за ден. Живеј во моментот. Немаш контрола врз вчера или утре. Она што го имаш е СЕГА, едноставно биди СРЕЌНА.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20994 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.