Почетна » Новости » Занимливости » 30 реченици кои можете да им ги кажете и на вашето мало дете и на пијана пријателка

30 реченици кои можете да им ги кажете и на вашето мало дете и на пијана пријателка

Мајка насмеа стотици илјади лица со хумористичен текст во кој ја поистоветува грижата за мало дете со грижата за другарка во алкохолизирана состојба.

Мередит Месони е мајка на три деца и успешна блогерка која не се плаши да зборува за хаотичната страна на животот.

Па, ако некогаш сте се грижеле за пијана другарка, текстот несомнено ќе ве насмее:

Девојка пие алкохол

Еве 30 реченици кои можете да им ги кажете и на вашето мало дете и на вашата пијана пријателка:

  1. Не можеш да дремнеш тука. Треба да си легнеш во твојот кревет.
  2. Не јадеме храна од непознати лица.
  3. Никогаш не си ги допираме интимните делови од телото во јавност.
  4. Уринираме во тоалет, а не на улица.
  5. Џвакај со затворена уста.
  6. Не ги пикај прстите во носот.
  7. Не ја пуштам повторно истата песна. Ја слушнавме 15 пати. Облечи си ги панталоните.
  8. Не го ставај тоа в уста.
  9. Не е културно да зјапаш.
  10. Да, тоа се гради, ама не ги допираме.
  11. Знам, кауч е многу смешен збор.
  12. Мораш да дојадеш сè од чинијата.
  13. Престани да ме гледаш така.
  14. Ќе те кажам на татко ти.
  15. Зборувај си во себе.
  16. Прибери си ги рацете.
  17. Не покажувај со прст, не е културно.
  18. Те молам врати се назад и измиј си ги рацете.
  19. Навистина мислиш дека со цимолење ќе го добиеш она што го сакаш?
  20. Те молам држи ме за рака на паркингот. Не сакам да те удри кола.
  21. Немам повеќе пари. Престани да ми бараш.
  22. Знам дека реков дека може да јадеш сладолед, но сега е многу доцна.
  23. Престани да се тркалаш во тревата, ќе си ја извалкаш облеката.
  24. Да не повторувам уште еднаш да седнеш. СЕДНИ!
  25. Престани да ме прашуваш дали стигнавме. Ќе ти кажам кога ќе стигнеме.
  26. Мораш да ми седиш во скутот?
  27. Потребно е да користиш љубезни зборови.
  28. Не маваме. Мавањето е лошо.
  29. Зошто се држиш долу? Ти се моча?
  30. Ти реков да седиш тука. Зошто стана? Мораш да ми кажeш ако планираш да одиш некаде.

Следниот пат кога ќе треба да се грижиш за пијана другарка, запомни зошто ја сакаш. Биди трпелива и држи ја за рака. Таа најверојатно нема да се сеќава на тоа наутро, но исто како и на мало дете, нејзе ѝ е потребна твојата љубов.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19726 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.