Почетна » Новости » Истражувања » Алкохолот прави луѓето да ви изгледаат попривлечни

Алкохолот прави луѓето да ви изгледаат попривлечни

Алкохолот влијае на способноста на мажите и жените да ја оценат атрактивноста на претставниците на спротивниот пол, тврдат научниците.

Најверојатно никој нема да се изненади од нивниот заклучок, особено не оние кои имаат искусено на своја кожа дека неколку чаши алкохол се доволни за некој да им изгледа попривлечен.

Австралиско истражување во кое учествувале 1000 луѓе на возраст од 20-69 години покажало дека секој четврти човек ги смета другите за попривлечни откако ќе испие неколку чаши алкохол.

Весело друштвоСекој четврти човек ги смета другите за попривлечни откако ќе испие неколку чаши алкохол

Но, алкохолот не само што може да направи да ги оценувате другите како поатрактивни, туку може да придонесе и вие да се сметате за поубави. Една третина од учесниците изјавиле дека се сметаат за попривлечни откако ќе испијат неколку чаши алкохол.

Сепак, ни мажите, ни жените не сметаат дека луѓето кои пијат алкохол изгледаат привлечно. Само 3% од жените изјавиле дека ги привлекуваат мажи кои имаат пиено, а само 10% од мажите сметаат дека жените кои пијат изгледаат добро.

Овие резултати се поклопуваат со резултатите од претходно истражување спроведено во Бристол Универзитетот. Во него, на мажи и жени им било дадено да испијат или вотка со лимета или сок. Половина час подоцна, од нив било побарано да ја оценат привлечноста на 20 мажи и 20 жени на скала од 1 до 7.

Оние кои пиеле алкохол ги оцениле лицата за 10% повисоко отколку оние кои не консумирале алкохол.

Истражувачите откриле дека е доволна само една кригла пиво за да започнете да ги сметате луѓето за попривлечни. Експертите веруваат дека алкохолот стимулира област во мозокот која е многу значајна за привлечноста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19670 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.