Почетна » Новости » Истражувања » Гласната музика ве поттикнува да пиете повеќе алкохол

Гласната музика ве поттикнува да пиете повеќе алкохол

Алкохолот е посладок кога го пиете додека слушате гласна музика, а вревата од музиката ви отежнува правилно да процените колку сте испиле, па како резултат на тоа ќе испиете повеќе, велат истражувачите.

Забава

Професорот Лоренцо Стафорд од Универзитетот Портсмаут направил експеримент за да утврди како музиката влијае на вкусот на алкохолот. Во рамките на неговото истражување, 80 учесници требало да оценуваат различни алкохолни пијалаци според тоа колку се силни, слатки или горчливи. Во меѓувреме, нивното внимание било одвлекувано или со гласна музика или со читање на вести.

Тестовите покажале дека кога учесниците слушале гласна музика ги оценувале пијалаците како значително послатки.

Ова истражување само ги потврдува резултатите на претходни набљудувања кои укажуваат дека луѓето пијат повеќе алкохол и со побрзо темпо кога слушаат гласна музика.

Според друго истражување објавено пред неколку дена, пиењето алкохол води до незаштитен секс, т.е. колку повеќе луѓето пијат, толку посклони се да имаат сексуален однос без користење на кондом, а тоа го зголемува ризикот од сексуално преносливи болести.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.