Почетна » Новости » Занимливости » Срце од шприцови: По три спонтани абортуси и 4 години неплодност, пар вака објави дека ќе има дете

Срце од шприцови: По три спонтани абортуси и 4 години неплодност, пар вака објави дека ќе има дете

Мејси Родефер по четиригодишна борба со неплодност конечно успеа да зачне, а среќната вест таа и нејзиниот сопруг ја споделија со светот преку моќна фотографија, која ја опишува болката и радоста на вештачкото оплодување.

На фотографијата е поставено мало бебешко боди веднаш до фотографија од ултразвук, а околу нив во форма на срце се наредени шприцови и таблети, оние кои Мејси морала да ги прими за само една ин витро постапка.

Моќна фотографија

Родефер имала 3 спонтани абортуси, примила 107 хормонски инјекции, имала една операција, неколку ин витро постапки, а сега конечно може да се радува на малечкото бебенце кое расте во нејзиниот стомак.

„Нашето бебе нè исполнува со љубов, радост и благодарност за кои не знаев дека се возможни. Кога ќе погледнам во снимката од ултразвукот, моето срце потскокнува. Со години живеев не знаејќи дали некогаш ќе имам фотографија од ултразвук прикачена на фрижидерот. Дали некогаш ќе имам трудничко стомаче, дали ќе ги видам тие стрии на мојот стомак за кои копнеам или дали бебешката облека која ја купував за пријателите ќе биде некогаш обесена во мојот дом. Дали во мене ќе расте живот. И покрај сите тешкотии, сега расте. Толку сум заљубена. Знам, ќе има тешки денови. Ние копнееме за тие денови многу години“ – пишува среќната Мејси на блогот Martinis & Medicine, каде ја сподели фотографијата заедно со приказната за тешкиот пат до бременоста.

Мејси Мејси

„Знам дека моето соопштување на веста ќе ги повреди оние жени кои сè уште го чекаат своето бебенце, бидејќи и јас самата бев на тоа место. За мене беше важно не само да ја споделам мојата радост, туку и да ги охрабрам жените да не се откажуваат“ – изјавила Мејси за The Huffington Post.

Мејси Мејси Мејси Мејси Мејси

Мејси и нејзиниот сопруг очекуваат момче, кое треба да се роди во октомври.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.