Почетна » Новости » Животни стории » Срце од шприцови: По борба со неплодност и спонтани абортуси, пар вака објави дека ќе добие близнаци

Срце од шприцови: По борба со неплодност и спонтани абортуси, пар вака објави дека ќе добие близнаци

Сара Хабл и нејзиниот сопруг Џеј добија пресреќна вест што посакаа да ја споделат со светот.

Парот, кој неколку години се бореше со неплодност, со фотографија објави дека ќе добие близначиња со помош на ин витро.

На неа, поставени се две бебешки бодиа и слики од ултразвук, а околу нив во форма на срце се наредени шприцови, оние кои биле искористени за време на ин витро постапките.

Прочитајте дел од нејзината објава:

Нашите 'виножито' бебиња се на пат. Ние молчевме откако дознавме дека имаме два здрави ембриони од нашиот ИВФ циклус во јуни. Не планиравме да ги трансферираме двата наши ембриони во исто време, но Бог имаше други планови. Навистина верувам дека на овие две слатки бебиња им е судено заедно да дојдат на овој свет.

Од оваа седмица, јас сум во 14 недела од бременоста. Сè уште не можам да верувам дека е вистина. Ова е сè за коешто се молевме. Морам да признам дека бременоста по загуба на бебе е ТЕШКА. Тоа е емотивен ролеркостер полн со неверојатна возбуда и огромен страв.

вест за бременост вест за бременост вест за бременост

Сара имала ендометриоза и поради тоа, во декември минатата година, морала да мине низ операција за отстранување на цистите.

„5 декември, денес ќе беше роденденот на нашето прво ангел-бебе. Наместо да славиме, јас заздравувам од операција. Оваа недела имав процедура за проверка дали имам ендометриоза. Се прашував долго време дали имам ендометриоза или не. Па мојот инстинкт беше во право, докторите најдоа ендо. Нажалост, потребни беа 2 спонтани абортуси, неплодност и неуспешни обиди за оплодување, за конечно да направам операција. Не знам како ова ќе влијае на нашата плодност во иднина, но се молам дека е голем чекор поблиску до нашето 'виножито' бебе“ – напиша Сара минатата година.

„За сите семејства кои се во период на чекање, вие секогаш сте во нашите мисли и молитви. Ја знаеме болката од неплодност и спонтан абортус. Го знаеме разочарувањето од уште една објава за бременост. Се надевам дека некој ќе почувствува надеж од нашата приказна. Ве молам не се откажувајте и молете се вашето мало чудо да дојде наскоро“ – им порачуваат Сара и Џеј на паровите кои копнеат за бебенце.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20793 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.