Почетна » Новости » Занимливости » 16-годишна мајка отиде на матурата заедно со малото синче бидејќи немало кој да го чува

16-годишна мајка отиде на матурата заедно со малото синче бидејќи немало кој да го чува

Мелиса Мекаби го имаше најслаткиот партнер за матурата. 16-годишната мајка не можела да најде кој да ѝ го чува синчето и го зела со себе на големата прослава.

„Кога пристигна матурата никој не можеше да го чува, а јас сакав да биде дел од мојот матурски ден. Му нарачав костум и го зедов со мене. Сите професори ми велеа дека изгледа преслатко“ – изјавила Мелиса.

Таа објави видео на TikTok со фотографии со слаткиот Артур.

Мелиса Мекаби Мелиса Мекаби Мелиса Мекаби Мелиса Мекаби

Мелиса забременила на 14 години, а малиот Артур се родил во ноември 2020 година. „Го родив Артур на 15-годишна возраст. Неговиот татко не е вклучен во неговиот живот, па јас на некој начин се снаоѓам сама, со помош на брат ми и снаата“ – изјавила матурантката.

„Очигледно бев многу млада кога го родив. Беше тешко бидејќи сите ми кажуваа дека си го уништувам животот. Честопати луѓето си мислат дека ми е помал брат, а кога ќе им кажам дека е мое дете, нивното однесување комплетно се менува“ – додала Мелиса.

Таа била изненадена од позитивните реакции кои ги добила кога се појавила со синчето на матурската вечер. „Беше убаво, бидејќи луѓе доаѓаа и ми кажуваа колку е сладок Артур и дека се гордеат со мене“ – признала Мелиса.

Мелиса Мекаби Мелиса Мекаби Мелиса Мекаби Мелиса Мекаби Мелиса Мекаби
@melissaabby14 #PrimarkSummerUp #PerfectPartner #babyboy #prom2022 ♬ Sophie is more swag than you - Left this acc

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.