Почетна » Новости » Занимливости » „Отвори ме кога ќе студи“: Мајка која го победи ракот стана вирален хит со матурскиот подарок за ќерка си

„Отвори ме кога ќе студи“: Мајка која го победи ракот стана вирален хит со матурскиот подарок за ќерка си

Мајка насолзи многу очи со матурскиот подарок за ќерка си.

Плашејќи се дека нема да биде покрај неа кога ќе ѝ биде потребна, Ерин Перси ѝ поклони на 18-годишната Еби Роуз корпа полна со подароци. Во виралното TikTok видео Ерин ги покажува нештата кои ги избрала за ќерка си за специјални моменти од факултетскиот живот.

@erinpercy60

Graduation Gift for my daughter

♬ Up - Movie Theme - Giampaolo Pasquile

„Отвори ме кога ќе студи“, „Отвори ме кога ќе настинеш“, „Отвори ме кога ќе имаш потреба од време за себе“, „Отвори ме кога сакаш да го скршиш мразот со нови луѓе“, „Отвори ме кога ќе ја добиеш првата десетка“, „Отвори ме кога ќе се збогуваме“ – се само дел од натписите на подароците.

„Сакав да ѝ дадам неколку работи за тие важни моменти кои ќе ги пропуштам“ – рекла таа.

Ерин во минатото се имала изборено со рак на дојка и сега е во ремисија, но вели дека стравот дека нема да биде покрај ќерка си во голема мера влијаело при изборот на подарок.

Ерин Перси

„Еби Роуз ми беше најголемата навивачка кога бев изнемоштена од операции, хемотерапии и зрачења. Дури и сега, кога сум седум години во ремисија, се плашам дека нема да можам да бидам покрај неа. Потсвесно, мислам дека тоа влијаеше на подароците“ – објаснила Перси.

Семејството живее во Алабама, но Еби Роуз наскоро ќе започне да посетува часови во колеџ во Јужна Каролина.

„Многу сум возбудена за нејзиното следно поглавје. Имаше многу тешко средношколско искуство поради КОВИД, сега само сакам да има неверојатно, нормално искуство на колеџ“ – вели мајката.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20880 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.