Почетна » Новости » Животни стории » Шокантни и тажни исповеди на принцезата Дијана за бракот со принцот Чарлс

Шокантни и тажни исповеди на принцезата Дијана за бракот со принцот Чарлс

Кралското семејство не успеа да ги зачува зад превезот на таинственоста трагичните моменти од бракот на принцезата Дијана и принцот Чарлс.

Во снимени разговори, „принцезата на народот“ ја има разголено својата душа и има обелоденето шокантни факти за брачниот живот, неверството на Чарлс, булимијата и обидите за самоубиство.

Разговорите кои ги поседува новинарот Ендрју Мортон навистина потресуваат и говорат за очајот на Дијана да ја сподели вистината.

Дијана и Чарлс

Кога се верија, Дијана имаше 19 години, а Чарлс 32. По свршувачката, Дијана се вселила во Бакингемската палата и веднаш насетила дека врската на Чарлс со Камила не е завршена.

Секогаш се расправавме заради Камила. Еднаш го чув на телефон во неговата бања како вели: Што и да се случи, секогаш ќе те сакам. Потоа му кажав дека слушав до вратата и имавме гадна кавга.

Две недели пред свадбата, Дијана дознала дека Чарлс нарачал белегзија за Камила со почетните букви од нивните прекари.

Некој од неговите соработници ми кажа дека мојот сопруг има нарачано да изработат белегзија за неа, која таа ја носи до ден-денес. На неа беа испреплетени Г и Ф. (Гледис и Фред се прекарите на Камила и Чарлс).

Еден ден влегов во канцеларијата на тој маж и реков: „Ох, што е ова пакетче?“

Тој рече: „Ох, не треба да го гледаш тоа.“

Јас реков: „Ќе го видам.“

Отворив, таму беше белегзијата и реков: „Знам каде ќе оди ова.“ Бев скршена. Ова се случи околу две недели пред да стапиме во брак.

Тој рече: „Тој ќе ѝ ја даде вечерва.“

Бес, бес, бес.

Дијана долги години се бореше со булимија, нарушување во исхраната.

Булимијата почна истата недела кога се веривме. Мојот сопруг ја стави раката на мојата половина и рече: „Ох, малку сме дебелки овде, зарем не?“ и тоа поттикна нешто во мене. И тоа со Камила. Бев очајна, очајна. Се сеќавам на првиот пат кога предизвикав повраќање. Бев возбудена, бидејќи мислев дека тоа е намалување на напнатоста.

Првиот пат кога ми земаа мерки за невестинскиот фустан, половината ми беше 73 сантиметри. На денот на свадбата, ми беше 60 сантиметри. Се стопив од февруари до јули.

Дијана и Чарлс

По свадбата, парот замина на меден месец, но наместо со романтика тој период за Дијана бил исполнет со тага. На почетокот, Чарлс постојано читал и очекувал да ги дискутираат прочитаните книги, а потоа престојувале на јахта со влијателни лица и немале интимност.

Откако се преселиле во замокот Балморал, булимијата зела замав.

Останавме таму (Балморал) од август до октомври. Станав ужасно, ужасно слаба. Луѓето започнаа да коментираат: „Ти се покажуваат коските.“

Бев многу депресивна и се обидов да си ги пресечам вените со жилет.

Дијана и Чарлс

По инцидентот, Дијана побарала стручна помош во Лондон.

Сите аналитичари и психијатри кои можеш да си ги замислиш дојдоа и се обидуваа да ме средат. Да ме стават на високи дози Валиум и сè друго.

Но, Дијана која сè уште беше во мене одлучи дека е потребно само време, трпение и прилагодување. Јас им кажував што ми треба.

Тие ми велеа „пилули“! Тоа ги усреќуваше, бидејќи можеа да спијат спокојно, знаејќи дека принцезата од Велс нема да избоди некого.

Како и да е, Вилијам, пратен од Бог, беше зачнат во октомври. Ми кажаа дека сум бремена, голема возбуда. Прекрасни вести ми го преокупираа умот. Во тие денови, моето најголемо задоволство беше што бев среќничка која очекува бебе.

Дијана и Чарлс

Бременоста не ѝ се одразила добро на Дијана, бидејќи сè уште страдала од булимија, но и од ужасни труднички мачнини.

Не можев да спијам, не јадев, цел свет се рушеше пред мене. Многу, многу тешка бременост, навистина. Ми беше лошо постојано, заради булимијата и утринските мачнини.

Се обидуваа да ме стават на таблети, за да го спречат повраќањето. Одбив да ризикувам детето да остане хендикепирано како резултат на тоа.

Иако воопшто немала енергија, во текот на бременоста Дијана постојано била покрај Чарлс извршувајќи ги должностите на кралското семејство.

Дијана проговорила и за друг страшен инцидент кога се фрлила по скали додека била бремена.

Кога бев четири месеци бремена со Вилијам, се фрлив по скали, обидувајќи се да го привлечам вниманието на мојот сопруг, за тој да ме сослуша.

Му имав кажано на Чарлс дека се чувствувам очајно и дека постојано плачам. Тој ми велеше дека преувеличувам. „Нема да те слушам“, ми рече тој. „Секогаш ми го правиш ова. Заминувам на јавање сега.“

Па, се фрлив по скалите. Кралицата излезе, апсолутно ужасната, се тресеше, таа беше преплашена.

Знаев дека нема да го изгубам бебето иако имав модрици околу стомакот.

И покрај тоа, Чарлс продолжил да се однесува незаинтересирано.

По породувањето, во низата проблеми на Дијана се нанижила и постпородилната депресија.

Дијана и Чарлс

Кога Вилијам имал само 3 години, таа сфатила дека Чарлс постојано ја критикува зад грб и ја нарекува себична.

Еднаш, со Вилијам бевме во базен и го карав нешто и Вилијам се сврти кон мене и ми рече: „Ти се најсебичната жена која некогаш сум ја сретнал. Мислиш само на себе.“

Бев вчудовидена. Тоа беше пред седум години (кога Вилијам имаше само 3 години). Му реков: „Каде го слушна тоа?“

„Ох, често го слушам тато како го вели тоа.“

Дијана и Чарлс

Обидувајќи се да го привлече вниманието на Чарлс, Дијана во еден наврат започнала да се самоповредува со нож.

Сакав да разговарам со Чарлс за нешто. Тој не сакаше да ме слуша. Па, го зедов џебното ноже од неговото ноќно шкафче и се пресеков на градите и на бутовите. Имаше многу крв, а тој не покажа никаква реакција.

Дијана и Чарлс

Додека беа во брак, Чарлс ја обнови врската со Камила, додека Дијана имаше афера со Џејмс Хјуит. Нивниот развод беше финализиран на 28 август 1996 година.

Осум години по смртта на Дијана, Чарлс се ожени со Камила.

Ова се само дел од разговорите објавени во книгата „Diana, Her True Story“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20805 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.