Почетна » Новости » Животни стории » Хуманоста на дело: За само неколку дена собрани потребните 1 милион денари за лекување на малиот Илин

Хуманоста на дело: За само неколку дена собрани потребните 1 милион денари за лекување на малиот Илин

Помина само една недела откако го споделивме апелот за помош на малиот Илин, а потребните средства за негово оперирање се веќе собрани.

Илин

Македонија уште еднаш ја покажа својата хуманост и донираше за 3-годишното момче, кое е родено со невус (заболување на кожата што може да премине во меланом). На Илин веќе му се направени две операции, но тој има потреба од трета операција во Турција.

Сега тој и неговата самохрана мајка не треба да се грижат повеќе за обезбедување на потребните 15.000 евра за операцијата.

Илин Илин

„Ваквиот тип на оперативни зафати не се изведуваат во Македонија и потребно е да се направи нова финална операција во Турција од каде ветуваат дека проблемот ќе биде целосно решен. Првите 2 операции се изведени од тим од Белград, но поради сериозноста на состојбата потребна е трета и последна интервенција“

„Согласно сите прегледи и консултации со болницата во Турција целата интервенција би чинела 15.000 евра“ – стои во апелот за помош на Ecrowd.

Илин Илин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.