Почетна » Новости » Животни стории » Фудбалер со големо срце: Лука Модриќ му ја испрати Златната топка на момче кое имало несреќа и е во болница

Фудбалер со големо срце: Лука Модриќ му ја испрати Златната топка на момче кое имало несреќа и е во болница

Славните личности со едноставни гестови можат да им го променат животот на своите фанови.

Лука Модриќ го направи токму тоа. Откако му ја испрати Златната топка на момче кое имало несреќа, неговата состојба започнала да се подобрува, бидејќи добило мотивација.

Иван Шчепина Иван Шчепина

Иван Шчепина, кој бил надежен фудбалер, пред неколку месеци имал несреќа при која се здобил со тешки повреди на главата и животот му висел на конец. Тој морал да помине низ операција, а сега се опоравува во болница во Крапинске Топлице.

Иван Шчепина Иван Шчепина

Ситуацијата значително започнала да му се подобрува откако неговиот идол Лука му ја испратил Златната топка, заедно со потпишан дрес и видеозапис со порака.

„Здраво Иван. Ти испраќам многу поздрави и поддршка од Мадрид. Се надевам дека наскоро ќе се видиме“ – му вели Лука во пораката.

Родителите Ружица и Даријо ја раскажаа несреќната приказна на Иван и споделија како им се променил животот по несреќата.

Иван бил надежен фудбалер, но несреќа пред неговиот 18. роденден го врзала за креветот. Една недела пред крајот на школската година, тој и неговиот пријател се качиле на кровот од работилница за да ја земат топката којашто им одлетала таму. Неговиот другар успешно слегол, но кога требало да слезе Иван, штиците се поместиле и тој паднал од пет метри директно на главата и се здобил со тешки повреди.

Неодамна повреденото момче започнало да зборува, но не може самостојно ниту да јаде, ниту да оди.

„Грозно, грозно. Слушате дека тоа се случува секојдневно, за жал. Но, кога ќе ти се случи тебе, сè застанува“ – рекла мајката Ружица.

Иван започнал да зборува откако ситуацијата започнала да му се подобрува по дарот од Лука.

Иван Шчепина Иван Шчепина

„Се бориме секојдневно, бидејќи Иван поради својата состојба западна во апатија. Светот му запре. Ние секојдневно сме покрај него, но знаев дека ќе биде помотивиран ако му се јави некој од спортистите. Акцијата да стигнам до Лука траеше месец дена.“

„Лука во Крапинске Топлице испрати свој човек. Тој човек донесе потпишан дрес и Златната топка. Потоа му се јави на Иван преку видеоповик. Физиотерапевтот на Иван ми рече дека по тој разговор, ситуацијата значително се подобрила, дека е помотивиран. Немам појма дали е вистинската Златна топка, но и да е реплика, не е важно. Важен е гестот. Лука е крал и во фудбалот и приватно“ – рекол таткото на Иван.

Иван Шчепина Иван Шчепина Иван Шчепина
Иван Шчепина

Покрај Лука, со Иван исконтактирале и други фудбалери кои му испратиле свои дресови.

„Сите испраќаат дресови, а мојот Иван е многу среќен и му даваат мотив да продолжи понатаму. Патот до закрепнување ќе биде долготраен, но времето работи за него“ – додал Даријо.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19944 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.