Чичко Љубе од Скопје, кој три години живее без покрив на главата, но со голема љубов во срцето за своите три кучиња, доби втора шанса. Синоќа, 60-годишниот бездомник ја одработи својата прва смена на работното место добиено благодарение на добродушни лица.
Наташа Стоилковска на својот профил сподели фотографии од новиот изглед на чичко Љубе и доби бројни пофалби за нејзината заложба да му помогне на овој човек.
„Чичко Љубе вечер започнува со својата работа и својот нов живот. Сакавме со него да ве изненадиме со неговиот нов изглед. Па народе запознајте го новиот чичко Љубе... Среќниот чичко Љубе... Патем имате голем поздрав и големо благодарам на сите кои помогнавте. Чичко Љубе среќно!“ – пишува Стоиловска.
Стоилковска на 27 февруари на својот профил на Facebook ја објави убавата вест за новата работа на чичко Љубе со зборовите:
Се сеќавате на чичко Љубе...? Денеска се случи чудо за него, а за мене огромна среќа. Чичко Љубе за неколку дена ќе започне да работи како чувар во Lounge bar Katana. Негово работно време ќе биде ноќе од 1 до 7 наутро со тоа што ќе има обезбедено храна и пијалок... се разбира ќе биде пријавен осигуран. Чичко Љубе е веќе известен и пресреќен со условите кои се нудат за него. Епа народе јас толку можев се надевам ќе ви се допадне веста. Чичко Љубе нека од денеска натака новата работа ти донесе нови убави моменти во твојот живот... Среќно.
Минатата година Милка Докузова објави на својот профил кратка сторија за животот на чичко Љубе, каде сподели дека тој со години спиел на клупите на улица Македонија и испрати апел до сите кои се во можност да му дадат каква било работа. Во коментарите, чичко Љубе беше опишан како човек со големо срце, кој со љубов се грижел за своите кучиња.
Еве ја нејзината објава во целост:
Пријатели, откако пробавме и сфативме дека не е така тешко - ајде да направиме уште едно добро дело. Чичко Љубе кој има 60 години, веќе 3 години е бездомник, оставен на милост и немилост. Сигурно сте го виделе пред хотел Бристол како седи со 3 кучиња околу него со кои секојдневно го споделува својот оброк - кој патем може да си го дозволи од милостината на минувачите. Навечер спие на клупите на улица Македонија, а преку ден се труди да дојде до парче леб - начин на живот на кој вели дека се навикнал иако најтешко му е во зима кога ќе паднат температурите па мора да бара затскриени места за да не премрзне надвор. Работел како дрвосечач долги години, но сега тешко може да најде работа поради годините кои ги има. Ве замоли доколку некој има потреба од работник за било каква полесна физичка работа со која ќе може да си овозможи храна и смештај - да му помогне. Му ветив дека ќе се вратам со добра вест и нема да го оставиме да помине уште една зима надвор на улиците на Скопје.
Ајде бидете добри и СПОДЕЛУВАЈТЕ, ако не можете вие да помогнете, споделете - можеби некој кој токму вие го знаете ќе му излезе во пресрет на чичко Љубе!
Пријатели, откако пробавме и сфативме дека не е така тешко - ајде да направиме уште едно добро дело. Чичко Љубе кој има...
Posted by Milka Dokuzova on среда, 11 ноември 2015