Почетна » Новости » Животни стории » „Успеав! Со двете деца во раце ја победив оваа битка“: Ивана Ѓорѓиоска од Прилеп го победи ракот

„Успеав! Со двете деца во раце ја победив оваа битка“: Ивана Ѓорѓиоска од Прилеп го победи ракот

Ивана Ѓорѓиоска ја извојува најтешката битка во својот живот. Мајката од Прилеп преку емотивен пост сподели дека го победи ракот.

„Не знам дали се сеќавате кога пишав дека 'Со двете деца во раце, ќе ја победам оваа битка'. УСПЕАВ!“ – напиша таа и сподели фотографии со семејството.

Ивана Ѓорѓиоска

Прочитајте го остатокот од нејзината објава:

Благодарна на Господ и на мојата ПОДДРШКА, МОТИВАЦИЈА и ИНСПИРАЦИЈА што се на сликава до мене!

Благодарна на мојата фамилија, пријатели и сите вас кои од почеток до крај бевте со мене.

Благодарна на мојот доктор!

Ти благодарам Господе!

Господине 'раку', не оди никогаш и никаде повеќе, не си поканет, пожелен, а ни лесен за да бидеш во нечие тело!!

Ивана Ѓорѓиоска

„Браво Иванче, ти си хероината на денот. Иако знаев дека еден ден сè ќе се заврши... влескајте заедно до век“, „Ти си една голема хероина“ и „Браво, храбра, херој жено“ – се дел од коментарите на објавата на Ивана.

Ивана Ѓорѓиоска

На Ивана ѝ беше дијагностициран Хочкин лимфом (Леукемија на лимфна жлезда) минатата година. Таа реши дека нема да ја крие својата болест и дека ќе споделува сè што може за да нè мотивира сите да не ги игнорираме дури и најмалите промени кои се случуваат во нашето тело.

Мислев дека ќе ми треба повеќе време за да прифатам што ми се случува. Да ја прифатам мојата приказна која што само почнала, и патувањето низ кое ќе минувам. Споделувам со вас една недела после операцијата,само затоа што баш тие што споделиле исто или слично искуство, мене ме направи да прифатам многу брзо, да знам дека не сум сама и дека апсолутно Господ ни дава само тоа што можеме да го издржиме.

Мојот гостин е господин Хочкин. (Најблиску кажано 'Леукемија на лимфна жлезда') Не знам дали е баш господин,затоа што не се најави дека ќе дојди ама ајде, ќе си го викам така;)

Патување за кое не можев ни да замислам дека може да се случи, но се случува. Ме чека долг и тежок процес, сериозен но фала Богу не толку опасен. Ме чекаат хемотерапии и мал милион промени знам. Но, јас сум човек кој е искрен и верувам дека се ќе биде добро. Викаат дека многу подобро и полесно е ако споделиш со некој, ти олеснува на душата... дефинитивно тоа е така апсолутно за се.

Нема да должам... ќе си ја пишувам мојата приказна тука ,ќе споделувам колку што можам и како се одвива се. Ќе пишувам многу. Затоа што и една, единствена најмала промена на нашето тело е алармче за доктор!

Тоа што ќе се борам со едно тодлерче дома и бебе во раце е уште поголема мотивација за да го испратиме непоканетиот гостин назад.

Ивана Ѓорѓиоска Ивана Ѓорѓиоска Ивана Ѓорѓиоска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.