Приказна за среќен крај по тешка загуба буди надеж.
Маж и жена кои ги загубија своите сопружници поради рак, се вљубија еден во друг и стапија во брак. Кирстен и Џејсон Клаусон добија ќеркичка, која ја нарекуваат „неочекувано чудо“.
Кирстен и Џејсон се запознале преку онлајн група за лица кои ги имаат изгубено своите животни партнери. „Кога го видов неговиот профил, знаев точно кој е и ми беше многу удобно да разговарам со него. Нашиот прв разговор беше апсолутна магија“ – рекла Кирстен.
@kirstenclawson Our story…with an unexpected twist. #godisgood #miracleshappen ♬ I Get to Love You - Acoustic - Mysha Didi
Џејсон ја изгубил својата сопруга во 2019 година поради рак на дебелото црево, додека сопругот на Кирстен боледувал од леукемија и починал во 2020 година на
И двајцата до ден-денес со емоции се сеќаваат на покојните сопружници и го негуваат секој спомен со нив.
„Ја препознаваме загубата. Не ја игнорираме и не се преправаме дека не се случила. Не сме љубоморни на тагата и љубовта кои ја чувствуваме кон нашите покојни сопружници. Постојано се прашуваме еден со друг што ни треба, особено на тешките годишнини, и се обидуваме да го обезбедиме тоа“ – велат тие.
Џејсон има два пораснати синови кои Кирстен ги прифати како свои. Таа не крие дека била загрижена што поголемиот син бил 16 години разлика со новородената сестричка, но сега тие имаат огромна поврзаност.
Кирстен признава дека тоа што успеале да зачнат по природен пат било комплетно изненадување за нив. Поради тоа, ќеркичката Мејси ја нарекуваат „неочекувано чудо“.
„И двајцата сме постари од 40 години и фактот што тоа се случи природно беше комплетен шок за нас“ – рекла таа.
Кирстен имала доживеано неколку спонтани абортуси во минатото, па поради тоа била преплашена дека може да се случи повторно. „Бев многу несреќна кога дознав дека сум бремена. Мислев дека, како и моите претходни бремености, ќе заврши со абортус. Ми беше тешка помислата да се соочам со таа длабока тага повторно“ – признала таа.
Денес, семејството живее во голема слога и љубов, а малата Мејси ја смета за вистински благослов.
„Таа е нашиот најубав подарок. Браќата ја обожаваат и таа ги обожава нив. Таа е најголемиот благослов по толку многу тешки моменти“ – велат родителите.