Од Њуборн Клиника доаѓаат нови и нови успешни приказни за зачнување на нов живот со помош на вештачко оплодување.
Деновиве, од скопската клиника објавија фотографии од бебенце зачнато со инвитро постапка, кое одлично напредува.
На фотографиите, докторката Татјана Гуржанова го прегрнува и бакнува малото девојче, а на една од нив прикажано е бебенцето опкружено со сите шприцови од инјекциите кои мајката морала да ги прими за да има успешно оплодување.
„Уште еден нов живот создаден, уште една нова надеж за сите кои се молат за вакво бебенце“ – пишуваат од болницата.
Оваа моќна фотографија на одличен начин ја опишува болката и радоста на вештачкото оплодување и доловува низ што минуваат жените со инвитро.