Почетна » Новости » Животни стории » Сопругата на Тони Михајловски на 5-годишнината од дијагнозата канцер: „Морав да сум силна за себе и за тоа мало детуле од 8 години“

Сопругата на Тони Михајловски на 5-годишнината од дијагнозата канцер: „Морав да сум силна за себе и за тоа мало детуле од 8 години“

Александра Јорева Михајловски со емотивна објава ја одбележа 5-годишната од денот кога дозна дека има рак на матката.

Сопругата на актерот Тони Михајловски сподели видео за да им се заблагодари на сите медицински лица, роднини и пријатели кои беа покрај неа, ѝ помагаа и ја поддржуваа во најтешките мигови. На крајот ги пофали сопругот Тони и синчето Максим за силата.

Александра сподели дека патот кон самоприфаќање не бил лесен, но дека ги имала вистинските луѓе покрај себе.

Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски

Еве дел од нејзината објава:

5 години од дијагноза канцер.
5 години поминати со нов животен предизвик.
5 години со искачени мноогу скали, испешачени многу километри.
5 години во грч и паника на секои 6 месеци.
5 години адаптација на новиот живот, учење да се прифатиш себеси таков каков што си моментално, затоа што секој саат носи нова промена, секој ден си нова верзија од себе. Некогаш успешно некогаш не. Некогаш успевав да се сакам себеси некогаш не. Некогаш се гледав во огледало, некогаш не.

Само едно знаев сигурно, а тоа е дека морам да сум силна заради себе, а уште повеќе за тоа мало детуле од 8 годинки, за кое мислев дека ќе успеам да ја ублажам информацијата што е тоа што се случува со мама, се излажав нормално сè му беше јасно.

Во овој период доаѓаа и си одеа луѓе влези излези и тоа е супер, сам дошол сам си оди, но едно е сигурно вистинските се секогаш тука. Многу или малце не е битно, важно е дека се и тие силни затоа и се тука присутни.

Семејството, љубовта и жртвата, а и силата на Тони и Максим. И на крај едно најголемо благодарам за себе.

Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски

Александра била примена на генеколошко акушерскиот оддел на 24 октомври 2019 година за целосна хистеректомија со дијагноза adenocarcinoma serosum endometrii. По операцијата, таа морала да прими 4 дози хемотерапии.

Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски Александра Јорева Михајловски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18669 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.