Почетна » Новости » Животни стории » Сонце: Девојче болно од леукемија му кажува на татко си дека конечно ќе биде на листата за трансплантација

Сонце: Девојче болно од леукемија му кажува на татко си дека конечно ќе биде на листата за трансплантација

Мало девојче со насмевка се соочува со најтешкиот предизвик.

7-годишната Флоренс Барк веќе две години се бори со акутна миелоидна леукемија, но не дозволува тоа да ѝ го уништи духот.

Флоренс Барк Флоренс Барк Флоренс Барк

Флори во август 2022 година помина низ трансплантација на коскена срцевина, а сега има потреба од трансплантација на бели дробови.

Нејзините родители мислеле дека таа нема да успее да се најде на листата, бидејќи како прво, требало да се избори со бактериска инфекција чие лекување траело 6 месеци, а како второ, не знаеле дали останатите органи ќе ѝ бидат доволно силни за да издржат. За среќа, тестирањата покажале дека Флори може ќе биде доволно силна за да ја издржи трансплантацијата.

Видео во кое таа му кажува на татко си дека конечно ќе се најде на листата за трансплантација на бели дробови стана хит онлајн:

@bemorefab FLORRIE IS GOING ON THE LUNG TRANSPLANT LIST... soon! We have known for a long time that Florrie needs new lungs but it started to look very unlikely that she was going to be eligible to go on the transplant list. She first had to overcome an atypical bacteria infection that needed 6 months of treatment and then even after this the consultants at Great Ormond Street were really unsure that after all the treatment she has undergone in the last two years that her other organs would be strong enough to deal with a lung transplant. However, after a few weeks of rigorous testing she has been deemed eligible! She has given us another miracle just when we needed it most! Florrie just needs to have a couple more vaccinations (because her bone marrow transplant gave her a completely new immune system) and then she will hopefully be officially on the list from the end of August. The reality of her going through a lung transplant is incredibly daunting but this is our only option. New lungs also give our darling girl the chance of some normality, the chance to run, dance and play ️ If you aren't already an organ donor, please just watch this video to see what potential organ donation can mean to a family. #bemorefab #lungtransplant #childhoodcancer #fyp #bonemarrowtransplant #Bronchiolitisobliterans #gvhd ♬ original sound - bemorefab

„Новите бели дробови ќе ѝ дадат на нашето драгоцено девојче шанса да живее нормално, шанса да трча, да танцува и да си игра“ – напишаа родителите, кои ја подигнуваат свеста за донирањето органи и важноста на таа хумана постапка за семејствата кои чекаат органи.

Флоренс Барк Флоренс Барк Флоренс Барк

Во видео на TikTok родителите ги покажаа моментите кога дознале за дијагнозата. Флори имала само 5 години.

Пред две години, животите ни се променија засекогаш. Нашето убаво девојче започна да се чувствува лошо. Во следните 14 дена стана полошо. Чувствував дека никој не ми верува, но знаев дека нешто не е како што треба. Побарав тестирања на крвта и во еден час се покажа дека има рак на крвта. Нè префрлија во друга болница и ѝ беше дијагностицирана акутна миелоидна леукемија.

Еден ден подоцна ѝ беше направена итна операција и започнаа со хемотерапии. За жал, по две рунди хемотерапии, ни кажаа дека ракот е отпорен на хемотерапиите. Ѝ требаше трансплантација на коскена срцевина. Папочна врвца ѝ беше единствениот соодветен донор... Трансплантацијата беше тешка и таа на моменти беше многу болна. За малку ќе ја изгубевме. Ракот остана и по трансплантацијата. Срцето ни беше скршено, но нејзиниот консултант имаше план кој функционираше...

Флоренс во моментот е во ремисија. За жал, третманите направија непоправлива штета на белите дробови. Те сакаме преубаво девојче, нè восхитуваш секој ден.

Флоренс Барк
@bemorefab 2 years today our beautiful girl was diagnosed with cancer. Defying all odds. We are so proud of you . We know it's not over yet, but we will cherish every second spent with you. #bemorefab #Aml #Fyp #viral #stemcelltransplant #oxygen #childhoodcancer #bestfriend ♬ original sound - spready0urwings
Флоренс Барк Флоренс Барк Флоренс Барк Флоренс Барк Флоренс Барк Флоренс Барк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.