Почетна » Новости » Животни стории » „Се тресевме буквално кога татко ми ќе дојдеше“: Бодибилдерката Мери Акиевска се отвори за животот со татко насилник и убиец

„Се тресевме буквално кога татко ми ќе дојдеше“: Бодибилдерката Мери Акиевска се отвори за животот со татко насилник и убиец

Мери Акиевска се отвори за својот живот и сподели сè за детството со насилен татко и убиец.

Македонската бодибилдерка, која четирипати има станато светска шампионка во бодибилдинг, беше гостинка во новиот поткаст на Цеце Николовска со која разговараше на оваа тешка тема.

Акиевска израснала во семејно насилство, стресови и немири и вели дека тоа придонело денес да биде толку силна личност. Таа опиша многу моменти со својот татко и призна дека нејзината мајка буквално се борела со сите сили да ги израсне своите деца.

„Се тресевме буквално кога татко ми ќе дојдеше. Не ни тропаше на врата, туку ја крши сосе врата влегува. Тоа се стресови. Се заклучувавме со мајка ми во соба, јас од едната страна, сестра ми од другата легната кај мајка ми, заклучена спалната соба пошто знаеме дека татко ми ќе дојди, сосе врата влегуваше и повторно ја малтретираше мајка ми. Дури не знаевме во каква состојба е мајка ми, толку се онесвестуваше и не знаевме дали е жива или не, а не можеш ништо да направиш во моментот“ – рече таа.

Мери Акиевска

„Во одреден период во животот дознаваш дека татко ти бил во затвор, поради тоа што си ја убил првата сопруга“ – ѝ рече Цеце низ разговорот, на што Мери одговори:

„Првата сопруга да, тоа во Босна. Тогаш тој бил и војник и се вратил дома, ја убил жената, ја заклал и ја одвел главата во полиција. Со таа жена имам полубрат и полусестра, тие се повозрасни.“

На прашањето: „Какво е чувството кога дозна за трагедијата што ја направи твојот татко?“, Акиевска одговори:

„Месец дена тој не користеше алкохол, претходно нон-стоп. И одеднаш психички седејќи вака, ја загледа мајка ми, поцрвена во очите и стана почна да изведува тоа што му се има случено, тоа што има направено со таа жена почна да го презентира, да се качува, да објаснува. Тогаш сфативме што се има случено.“

„Мајка ми премногу го сакаше татко ми и постојано се враќаше назад, надевајќи се дека сè ќе биде во ред. Таа и ден-денес има чувства за него. Никогаш нема зборувано нешто лошо за татко ми за нас да ни всади негативна мисла или негативни чувства за него.“ – дополни Мери.

Мери Акиевска

Акиевска призна дека во одреден момент од животот, нејзината сестра живеела со нивниот татко и доживеала уште поголеми трауми. „Сестра ми има многу лошо искуство од тогаш. Често беше затворана и во подрум, ја имаше малтретирано татко ми и за тоа буквално никој не знае“ – призна Мери, дополнувајќи дека никогаш овие случки не биле споделени со социјалните работници.

Покрај сите трагедии со нејзиниот татко, по неговата смрт, Мери и семејството доживуваат трауми и од нивниот чичко. Гневен што не можел да го наследи целиот имот и што тие живеат во таа куќа, тој често одел и им ја кршел куќата.

Мери денес е среќна што сите нејзини чекори водат кон успех и што сите тие трауми се зад неа, оставени во минатото.

Погледнете го целиот разговор со Мери:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.