Почетна » Новости » Животни стории » „Се прегладнував себеси“: Били Ајлиш призна дека на 12 години испила апче за слабеење бидејќи си го мразела телото

„Се прегладнував себеси“: Били Ајлиш призна дека на 12 години испила апче за слабеење бидејќи си го мразела телото

Били Ајлиш откри дел од нејзиното минато со кој не се гордее.

Били Ајлиш

Во интервју за Vanity Fair, 19-годишната пејачка призна дека пред неколку години имала ужасна врска со нејзиното тело, но дека сега е на подобро место. Искрената исповед на младата пејачка била поттикната од папараци фотографиите споделени минатата година, кои поттикнаа секакви коментари за нејзиното тело – од пофални зборови до злобни исмејувања.

Били Ајлиш Били Ајлиш

Дискутирајќи за чувствата поврзани со фотографиите на кои таа се упатува кон куќата на брат ѝ, Ајлиш рече дека во минатото ќе била премногу повредена од коментарите, бидејќи си го мразела телото. Но, сега гледа на својот изглед на многу поразличен начин и не дозволува критичарите да допрат до неа.

„Мислам дека луѓето околу мене беа позагрижени за тоа отколку што бев јас, бидејќи моето тело беше причина што порано се самоповредував. Да бидам искрена, започнав да носам широка облека поради моето тело. Но, ми беше навистина, навистина мило, главно поради тоа што сум на ова место во мојот живот, бидејќи не се случи пред три години, кога имав ужасна врска со моето тело, а уште полошо, пред пет години кога воопшто не јадев колку што треба. Се прегладнував себеси. Се сеќавам дека испив апче од кое ми велеа дека ќе ослабам, но тоа само направи да се измокрам во креветот – имав 12 години. Тоа е лудо.“

Били Ајлиш Били Ајлиш

„Не ми се верува. Мислев дека ќе бидам единствената што треба да се справува со омразата кон моето тело, но претпоставувам дека интернетот исто така го мрази моето тело“ – рекла таа во интервјуто и подоцна додала: „Интернетот ги мрази жените“.

Били Ајлиш Били Ајлиш Били Ајлиш

Во мај минатата година, Били сними кратко видео во кое им возврати на сите кои ја критикуваа за телото и облеката. Видеото во кое таа се соблекува по градник има 32 милиони прегледувања на YouTube.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.