Почетна » Новости » Животни стории » „Сè вредеше на крајот“: Мајка покажува низ што сè минуваат жените за да добијат бебенце со инвитро

„Сè вредеше на крајот“: Мајка покажува низ што сè минуваат жените за да добијат бебенце со инвитро

Патот до родителството не е лесен за сите. Многу парови се соочуваат со проблеми при обидите да го прошират своето семејство, но не престануваат да се надеваат дека наскоро ќе си го исполнат сонот да имаат бебенце.

Блогерката Надиа Ања не ги криеше своите здравствени проблеми и потешкотии додека се обидуваше да забремени и редовно им дозволуваше на своите следбеници да видат низ што минува. Сега таа има за што да се радува, бидејќи по три години и три спонтани абортуси, конечно го држи во раце своето синче добиено со инвитро.

„Соништата навистина се остваруваат. Многупати помислив дека нема да стигнеме дотука. Сè вредеше на крајот“ – пишува таа.

Надиа Ања Надиа Ања Надиа Ања Надиа Ања Надиа Ања

„Неплодноста несомнено беше најтешкото поглавје од нашите животи. Тоа буквално го обзеде мојот живот со сите термини, прегледи, инјекции, лоши вести, добри вести, бремености, спонтани абортуси... Но, на почетокот од годината, си ветив дека повторно ќе пронајдам радост во мојот живот, дека ќе престанам да дозволувам да ме обземе и ќе научам да живеам со тоа, наместо да дозволам да биде целиот мој живот. Чувствувам дека не се зборува доволно за неплодноста“ – стои во видеото на Надиа.

@nadiaanya__ Our infertility story so far #ivf #ivfjourney #ttc #ttcjourney #ttccommunity #fertilityjourney #pregnancyjourney #ivfcommunity #iuijourney #infertilityawareness #inseminationjourney #iuijourney #iuitreatment ♬ origin

Надиа и нејзиниот партнер започнале со обидите за бременост во 2021 година, но нивната желба се оствари дури во ноември 2024 година, кога го добија синчето Монти.

Започнавме да се обидуваме да зачнеме бебе во летото 2021 полни со надеж. Забременив природно во ноември, но имав ран спонтан абортус кој го препишав на лоша среќа. Во јануари си направив испитувања за да се уверам дека сè е во ред и открив дека имам проблеми со мојата овулација. Ни кажаа дека имаме само 6% шанси да зачнеме на природен начин и дека треба да ги земеме предвид нашите опции ако сакаме брзо да забременам.

Очајно сакав да станам мајка, па започнавме со лекарства за овулација и имавме 3 рунди интраутерина инсеминација. Првата беше неуспешна. Втората заврши со ран спонтан абортус, третата беше откажана поради низок број на сперматозоиди.

Се чувствував многу лошо и депресивно и постојаните промени во моето тело за ништо си го направија своето.

Забременив уште еднаш природно, но повторно имав спонтан абортус.

Така го започнавме нашето патување за еден ден да го добиеме нашето дете со инвитро.

Надиа Ања Надиа Ања Надиа Ања Надиа Ања Надиа Ања

Малиот Монти се роди на 8 ноември 2024 година и донесе бескрајна радост во животот на Надиа. Таа сега вели дека ужива во секоја секунда од животот како нова мајка.

„Се чувствувам благословено што го имам нашиот мал Монти до мене“ – пишува таа.

Надиа Ања
@nadiaanya__ What a year #ivf #ivfsuccess #ivfjourney #firsttimemom #newbornbaby #newbornlife ♬ original sound - Gypsy
@nadiaanya__ Baby Monty #newborn #newbornbaby #firsttimemom #babytiktok #newbornscrunch ♬ original sound - T
Надиа Ања Надиа Ања Надиа Ања Надиа Ања Надиа Ања Надиа Ања

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22730 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.