Почетна » Новости » Животни стории » Протестите против мал дом за деца со посебни потреби во Тимјаник го покажаа најлошото и најдоброто кај Македонците

Протестите против мал дом за деца со посебни потреби во Тимјаник го покажаа најлошото и најдоброто кај Македонците

Неинформираност, предрасуди, лажни ветувања, манипулации... Преплет на фактори доведоа до мал протест кој ја раздрма цела Македонија. Жителите на неготинското село Тимјаник со отпор го дочекаа проектот за создавање на мал групен дом за деца со попреченост во рамките на нивната заедница.

Како Македонци во еден ден го покажаа најлошото и најдобро од себе?

Откако стана актуелна темата деинституционализација и Министерството за труд и социјална политика го најави отворањето на дом во Тимјаник за деца на кои им е неопходна специјална грижа, македонската јавност наиде на повик за протест.

Стануваше збор за преместување на 3 лица од Специјалниот завод во Демир Капија во објект кој допрва ќе се реновира во Тимјаник, со цел децата да живеат во похумани услови и да се имитира семејна средина.

„Пораката за масовност“ ги повикуваше жителите да се обединат против отворањето на дом од таков тип:

Порака

По упатениот апел, се огласи и министерката Мила Царовска која потенцира дека станува збор за деца кои ќе добиваат грижа 24 часа во денот и кои не претставуваат опасност за тамошните жители и нивните деца:

Порака

Жителите на Тимјаник со револт ја дочекаа министерката Царовска и претставници на УНИЦЕФ и УНДП. Некои од нив изразија загриженост за безбедноста на сопствените деца, други укажаа дека им било ветено дека на таа локација ќе никне градинка, трети потенцираа дека не сакаат таков дом во центарот на селото и во близина на училиштето, туку евентуално во периферијата, а четврти се заканија дека од септември нема да ги праќаат своите деца на училиште. Дел од присутните изразија загриженост за условите во кои би живееле децата во новиот дом.

Многу од коментарите кои беа снимени за време на протестот беа остро осудени. Дел од нив се:

„На сред село да нема такви луѓе. Нека има какви што треба луѓе. Јас не ги сметам за ненормални, меѓутоа зошто во Демир Капија се одделени, не се во центарот, а тука во центарот ни ги носат.“

„Тие деца се нездрави. Тие деца прават сè и сешто. Да не се изразувам сега тука пред народот. Значи се соблекуваат голи, се покажуваат, не дај боже. Како утре тоа твоето дете ќе излезе, а тие луѓе се ненормални, така да речеме, како тоа тој ќе се соблече гол, а нашите деца ќе гледаат.“

„Која глетка ќе ја имаат децата кои ги праќаме на школо. На школо што ќе видат децата еве кога ќе излезат на одмор? Мали деца се.“

„И моето дете тука учи. Каква иднина тој ќе гледа и што ќе научи од тоа нешто? Тоа нема да се случи по никоја цена“.

На прашањето на министерката зошто е проблем здравите деца од селото да се дружат со децата со атипичен развој кои треба да пристигнат во домот, еден од жителите возврати: „Затоа што и тие ќе станат нездрави“. Друг се надоврза со коментар: „Знаеш зошто ќе биде проблем, затоа што тие сите се мали деца, од забавиште до четврто одделение, а тоа дете не разбира. Утре дали ќе му се потсмева, дали ќе му фрли со камен, а како ќе реагира тоа дете оттаму. Што треба да правиме потоа, дали ќе дојдеш ти моето внуче да го спасуваш или треба ова јас да одам да го тепам. А не смеам да го тепам, тоа го казнил Господ.“

Новинар на ТВ21 повика една од присутните на собирот да се запознае до децата против кои протестира.

Сепак, зад сета негативност, се родија и позитивни предлози кои ја акцентираат хуманоста и човечноста.

Порака

Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, понуди простор за центар за лицата со попреченост.

Порака Порака Порака

Веројатно неинформираноста одигра најважна улога за раѓањето на револтот кај жителите на Тимјаник. Јасно е дека мора многу да се работи на подигање на свеста за лицата со попреченост и нивно прифаќање во општеството.

Додека трае драмата во Тимјаник, министерката Царовска објави дека започна со работа мал дом во Неготино.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19758 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.