На сите ни е потребно денот да ни започнува со убави приказни. Од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје споделија уште една прекрасна вест за борбата за живот на предвреме родени близначиња.
Марија и Василиј се родиле во 27-мата гестациска недела. Едното со тежина од 900 грама, а другото тешко 940 грама. Сега, тие си заминаа дома кај родителите во одлична здравствена состојба.
Продолжуваат среќните приказни од нашето одделение за интензивна нега и терапија на новородени деца.
Пред неколку дена предвремено родените бебиња – близначињата Марија и Василиј си заминаа дома како здрави бебиња. Родени се во 27 гестациска недела, Василиј со родилна тежина од 900 грама, а Марија со 940 грама.
По 72 дена престој на ОИН, каде секојдневно ја добиваа медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, Василиј го испративме дома со 2000 грама, а Марија со 2250 грама.
На малите борци близначиња им посакуваме многу здравје, безгрижно детство и само радости да им носат на своите родители.