Кет Џенис го напушти овој свет.
Младата пејачка почина на само 31-годишна возраст, еден месец откако објави песна за својот 7-годишен син, која брзо стана вирален хит. Причината за нејзината смрт била сарком, ретка форма на рак која ги засега коските и меките ткива.
Џенис си пронајде грутка во вратот во 2021 година, а по направените испитувања ја добила страшната дијагноза во 2022 година. Таа започна да го документира своето патување на TikTok додека минуваше низ операција, хемотерапија и радијација.
Во јули 2022 година ја доби среќната вест дека нема повеќе рак, но за жал во јуни минатата година болеста се врати, овој пат на белите дробови.
По долгата битка, на Кет ѝ било соопштено дека ѝ преостануваат уште неколку недели живот. Таа одлучи да ја објави последната песна за „Збогум“, насловена „Dance You Outta My Head“ со цел да собере средства за синот кој го остави зад себе.
Таа многу брзо стана вирален хит на социјалните мрежи.
@cat.janice Thank you for loving me. Im praying a miracle makes me through this but I think im being called Home. My last joy would be if you pre saved my song “Dance You Outta My Head” in my bio and streamed it because all proceeds go straight to my 7 year old boy im leaving behind. Please please share this, I need to leave this with him. If there is anything you need to know, is that the only opinion of yourself is your opinion. Love yourself and be gentle with others. I hope to make it through this but if not, to all a good night. #cancer #songwriter ♬ Dance You Outta My Head - Cat Janice
Лошата вест за смртта на Кет ја објави нејзиното семејство.