Почетна » Новости » Животни стории » „Полни рачиња среќа“: Родителите на четворка од Штип снимија фотосесија со бебињата за наполнети 5 месеци

„Полни рачиња среќа“: Родителите на четворка од Штип снимија фотосесија со бебињата за наполнети 5 месеци

Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина од Штип наполнија 5 месеци.

За да го одбележат овој специјален ден за нивната четворка, Благица и Александар Зикови направија интересна фотосесија, а фотографиите ги споделија на својот Facebook профил.

„Среќна Петка! Полни рачиња среќа, наполнивме цела Петка“ – напиша гордата мајка Благица.

На фотографиите, момчињата позираат покрај алати-играчки, додека Леонтина лежи покрај шминки.

Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина

Четирите бебиња се родија во октомври, а нивните родители беа пресреќни што најголемата желба им се оствари.

Семејство

Благица и Александар четири години се бореа со неплодност пред да ги добијат бебињата со помош на инвитро.

„Четири години се боревме со неплодност. Првото инвитро ни беше неуспешно и по две години пак се одлучивме да пробаме... Како што велат постарите: ‘Ако желбата ти е голема, Господ ти подарува’“.

„Тоа чувство не може да се опише со зборови. Волшебно нешто. Прекрасно, радосно, необјасниво чувство, само си реков во себе: ‘Ти благодарам Боже за овој дар што ми го подари да станам мајка на четири дечиња истовремено’“ – рече Благица за Femina.mk.

Зикови

Фотографиите се споделени со дозвола од родител.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.