Почетна » Новости » Животни стории » По 22 години неплодност, Соња (57) и Марко (69) од Црна Гора ќе добијат дете со ин витро направено во Скопје

По 22 години неплодност, Соња (57) и Марко (69) од Црна Гора ќе добијат дете со ин витро направено во Скопје

По 22 години борба со неплодноста, желбата на Соња и Марко да станат родители конечно ќе се исполни благодарение на клиника во Скопје.

По осум спонтани абортуси, 57-годишната Црногорка и нејзиниот 69-годишен сопруг наскоро ќе го добијат своето прво дете зачнато со ин витро. Бебенцето треба да се роди на 19 април, а брачниот пар одлучи да ја сподели својата приказна за да ги охрабри сите парови кои се двоумат дали да ја продолжат борбата за потомство.

Соња и Марко

Тие планираат да имаат уште деца ако ги послужи здравјето во иднина.

Соња била пресреќна кога ја дознала среќната вест дека е бремена.

„Не можам да ви го опишам чувството... Почнав да скокам. Плачев, вриштев, се смеев, супер јас сум трудна. Тоа беше супер“ – рече таа во видео на ДАН портал.

На сите парови кои поминуваат низ истите проблеми, Соња им порачува:

„Да веруваат. Прво да веруваат во себе и во својот партнер. Да имаат огромна желба за тоа. Нам по 22 години борба желбата ни се оствари. Да бидат упорни и желбата веројатно ќе им се оствари. Нека не се откажуваат“.

Парот со нетрпение го очекува бебенцето кое несомнено ќе донесе огромна среќа во нивниот живот.

„Едвај чекаме. После толку години, едвај“ – низ солзи рече Соња на крајот од видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22993 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.