Почетна » Новости » Животни стории » Партнери со спина бифида посвоија девојче со истата состојба, сега ѝ помагаат да ги надминува предизвиците

Партнери со спина бифида посвоија девојче со истата состојба, сега ѝ помагаат да ги надминува предизвиците

Партнери со спина бифида си го остварија сонот да го прошират семејството откако посвоија ќеркичка со истата состојба.

Лери и Кели Петерсон Лери и Кели Петерсон

Лери и Кели Петерсон се запознале пред 10 години во камп за лица со спина бифида, на кој откриле дека се родени на ист ден. Тие се состанувале за време на средношколските денови, но подоцна накратко се разделиле. Откако повторно ја обновиле романсата, стапија во брак во 2015 година во Индијана. Токму тогаш одлучиле дека сакаат да создадат свое семејство.

Лери и Кели Петерсон

Не можејќи да имаат свое биолошко дете, партнерите се насочиле кон посвојување. Преку агенција за посвојување лица со попречености, тие ја слушнале приказната за бебето Хедли кое ја има истата состојба како нив. Веднаш знаеле дека можат да ѝ ги понудат потребните љубов, поддршка и сфаќање на нејзините потреби.

Лери и Кели Петерсон

На нивната 9-годишнина од бракот, тие ја посвоија малата Хедли, знаејќи дека ќе можат да ѝ пружат длабоко разбирање на проблемите со кои ќе се соочува во иднина. Кели има работено и како едукатор на деца со попречености.

Лери и Кели Петерсон Лери и Кели Петерсон

Се разбира дека родителството во инвалидска количка за Лери и Кели има и одредени предизвици. Кели воопшто не може да ги користи нозете, додека Лери може да се движи држејќи се за работите околу него. За среќа, нивните семејства живеат во близина и им даваат огромна поддршка и помош.

Целта на парот е да се намали стигмата и негативните стереотипи поврзани со лицата со попреченост и родителството, како и да им помогнат на оние кои имаат спина бифида или пак имаат некој со таа состојба во семејството.

„Сакаме општеството да види дека лицата со спина бифида го живеат животот исто како оние кои немаат попреченост. Не е ништо шокантно или неверојатно. Ние си го живееме животот исто како и сите други“ – рекла Кели.

Лери и Кели Петерсон Лери и Кели Петерсон Лери и Кели Петерсон Лери и Кели Петерсон Лери и Кели Петерсон

Пред три дена, Хедли наполни шест години. Таа редовно оди на терапија и има поминато низ повеќе операции.

Лери и Кели Петерсон Лери и Кели Петерсон Лери и Кели Петерсон Лери и Кели Петерсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22244 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.