Потребна ви е инспирација за да започнете да тренирате?
Катрина Пара ќе ве охрабри да ги следите вашите соништа, да бидете истрајни, да верувате во себе и да не се откажувате дури ни во најстрашните моменти.
На само 21-годишна возраст, Катрина се парализираше од вратот надолу како последица на ретка болест, наречена порфирија, која не ѝ била дијагностицирана навреме. Таа не можела да јаде, а се движела со помош на инвалидска количка.
Ниту еден доктор не мислел дека постои шанса за опоравување.
@katriparra VENGANZA #raredisease #porfiria #porphyria #superacion #motivationalvideo #motivation #gymmotivation #fitnessmotivation #fitnesstiktok #fitnessgirl ♬ They say there are five stages of - NickLifts
@katriparra NEVER GIVE UP! #fy #foryou #parati #fyp #transformation #motivational #beforeandafter #paralyzed #porfiria #nevergiveup #hope ♬ Rise Up - Andra Day
„На почетокот, со целата таа болка и парализата, не можев да мрдам и сакав да умрам. Се чувствував многу лошо. Ѝ велев на мајка ми дека сакам да умрам, ужасно се чувствував“ – објаснила таа.
Но, Пара не дозволи лошите прогнози и болеста да влијаат на нејзината страст кон животот. Решена еден ден да стане фитнес инструкторка, по примањето на соодветната терапија, Катрина започнала да посетува физиотерапија. По зајакнувањето на телото, продолжила да се занимава со бокс, исто како пред да се разболи. Со упорност и голема посветеност, таа успеала да ја преобрати судбината.
„Си ветив дека ќе се опоравам и дека ќе си го вратам животот“ – рекла таа.
@katriparra Your hard work will pay off! #porfiria #porphyria #acuteporphyria #acuteintermittentporphyria #rarediseaseawareness #porfiriaagudaintermitente #porfiriasintomas #porphyriawarrior #motivational #gymmotivation #inspirational #motivation #motivacion #recovery #recoveryispossible #recoverytok #motivationtok #nevergiveup #recoveryqueen #recoveryjourney #girlyouhavenoideahowamazing #girlyouhavenoidea ♬ original sound - Let’s Goal Up
Со огромна поддршка од нејзината самохрана мајка и четворицата браќа, Катрина стана она што е денес. Сега, 31-годишната девојка работи како фитнес инструкторка во Барселона. Таа држи часови и по боречки вештини.