Пар, кој десет години се бореше со неплодност, конечно се израдува на позитивен тест за бременост.
Одри Болтон и нејзиниот сопруг Крафорд очајно се обидувале да зачнат цела една деценија, а само што се откажале од сите обиди за забременување, откриле дека во нејзината утроба расте едно мало чудо.
Брачните партнери копнееле да станат родители и бидејќи не можеле да добијат биолошко дете, таа желба си ја оствариле со посвојување на две деца.
Нивниот син Камден денес има шест години, а ќеркичката Ејми има две.
Среќната вест дека Одри е бремена, тие ја соопштија со слатко видео со двете деца.
@audreybolton17 Pregnancy after infertility #pregnancyannouncement #pregnant #infertility #infertilityjourney #pregnancytiktok #foryou #foryoupage #fy #momsoftiktok #momtok ♬ original sound - Audrey | WFHM
Имено, Одри и Крафорд се венчале во 2014 година и веднаш започнале да се обидуваат да добијат бебенце. По бројни неуспешни обиди, тие се откажале од таа идеја на почетокот од оваа година.
Само еден месец подоцна, 34-годишната жена почувствувала чудни симптоми. Најпрво, таа помислила дека се влошува нејзината состојба поради Кроновата болест, која ѝ била дијагностицирана токму по свадбата. Но, нејзиниот сопруг ѝ предложил да не се загрижува и да направи тест за бременост.
„Една вечер, додека тој си играше со децата во дневната соба, јас отидов до бањата и го видов тестот за бременост. Си помислив дека подобро е да го направам набрзина, за да ми се смири главата“ – рекла Одри, која воопшто не очекувала дека тестот ќе биде позитивен.
„Низ 10-те години во брак, имав направено многу тестови и никогаш не видов некој да покаже позитивен толку брзо. Со помислив: ‘Ох, Боже’“ – рекла Одри.
Таа го снимаше моментот кога му ја соопшти среќната вест на сопругот.
За кратко време, видеото се распространи и стигна до 1,3 милиони прегледи на TikTok. Одри беше опсипана со честитки и пораки од лица кои се борат со неплодност и кои ѝ признале дека им докажа никогаш да не губат надеж.
@audreybolton17 Replying to @Capt Red Beard 1974 The video everyone is asking for…my husbands reaction! #pregnancyannouncement #pregnant #infertility #infertilityjourney #pregnancytiktok #foryou #foryoupage #fy #momsoftiktok #momlife #momtok ♬ original sound - Audrey | WFHM
„Ова дефинитивно ми покажа дека не сме сами. Секојдневно сме во контакт со луѓе кои се борат со неплодност, без разлика дали тие зборуваат за тоа или се борат во тишина. Ми се крши срцето кога ќе видам колку луѓе се соочуваат со неплодност, но во исто време, главното нешто што сакам да им го кажам на луѓето е да не губат надеж“ – дополнила трудницата.
По откривањето на бременоста, Одри признала дека била пресреќна, но истовремено и загрижена дали нејзиното тело ќе може да ја поднеси бременоста до крај.
Таа не крие дека секој негативен тест за бременост, оставал трага и водел до комплетно разочарување.
„Неплодноста е многу тешка. Дури и најосновните третмани може да направат негативниот резултат да се чувствува како катастрофален. Затоа го префрливме нашиот фокус на посвојување.“
„Првично сакавме три деца, но поради емоционалната и менталната штета, не мислев дека можам повторно да минувам низ процесот на посвојување. Сопругот се согласи и рече дека е среќен со нашите две деца. Имаме момче и девојче. Животот е убав“ – дополнила Одри за одлуката да се откажат од обиди за трето дете.
Парот очекува девојче кое треба да се роди во ноември.
„Кога го слушнав чукањето на срцето на бебенцето бев превозбудена. Одушевена сум од сè што може да направи нешто тело и многу сум благодарна за тоа“ – рекла Одри.
@audreybolton17 by Bolton is a… #infertilityjourney #infertility #pregnanttiktok #pregnancyafterinfertility #secondtrimester #genderreveal #fypシ゚viral #momsoftiktok ♬ original sound - Audrey | WFHM