Почетна » Новости » Животни стории » „Ништо не е невозможно“: По 17 години борба за мајчинство, 42-годишна жена доби бебе во „Плодност“ во Битола

„Ништо не е невозможно“: По 17 години борба за мајчинство, 42-годишна жена доби бебе во „Плодност“ во Битола

Убавите вести брзо се шират, а повторно доаѓаат од Болницата „Плодност“ во Битола.

По 17 години обиди за зачнување и раѓање бебе, 42-годишна жена стана мајка благодарение на стручниот тим од болницата.

Тие споделија фотографии од „малиот јунак“ кој е резултат на процедура со одмрзнати ембриони.

Претходно, мајката имала два неуспешни обиди за забременување.

„Ништо не е невозможно за оние кои веруваат! Никогаш не се откажувајте од вашата цел да станете родител“ – порачуваат од болницата.

Плодност

Ништо не е невозможно за оние кои веруваат!

После 17 години борба за мајчинство и верба во нашите експерти, 42-годишна мајка конечно го доби своето бебе во Болница Плодност. Овој мал јунак е резултат на процедура со одмрзнати ембриони.

Претходно, мајката имаше два неуспешни обиди кај нас, но на вториот обид замрзнавме ембриони во стадиум на бластоцисти – и токму тие денес ја донесоа оваа радост!

Оваа успешна приказна ни укажува на две важни работи:

  • Никогаш не се откажувајте од вашата цел да станете родител.
  • Ембриотрансферите со замрзнати ембриони често покажуваат подобри резултати од свежите ембриони.

Ембрионот беше мониториран во најсовремениот timelapse инкубатор – Ембриоскоп, единствен во нашата држава.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20778 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.