Почетна » Новости » Животни стории » „Неопислива радост“: 11-месечни сијамски близначки успешно раздвоени во Турција по 14-часовна операција

„Неопислива радост“: 11-месечни сијамски близначки успешно раздвоени во Турција по 14-часовна операција

Сијамски близначки добија шанса за нормален живот откако беа успешно раздвоени од доктори во Турција.

11-месечните Мирха и Минал од Пакистан се родија споени со главите. Не можејќи да најдат соодветен третман во татковината, родителите побарале помош од Турција, а нивниот апел го привлече вниманието и на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Мирха и Минал Мирха и Минал Мирха и Минал

Предводени од педијатрискиот неврохирург од Англија, Овасе Џилани, како и од турските доктори Харун Демирџи и Хасан Мурат Ергани, тим од 60 медицински професионалци успешно ги одвои сестричките.

Операцијата траела 14 часа, а во неа учествувале доктори од повеќе држави.

Мирха и Минал Мирха и Минал Мирха и Минал Мирха и Минал

„Доктор Џилани ни рече дека операцијата е возможна, но ние немавме средства за операција во Велика Британија. Џилани го контактираше Претседателот Ердоган, му ја објасни ситуацијата и благодарение на него дојдовме тука“ – рекле родителите кои се полни со благодарност кон сите вклучени во операцијата.

„Неопислива е радоста да се гледаат здравите насмеани лица на бебињата сега, во споредба со нивната состојба кога пристигнаа“ – рекол еден од докторите за турската новинарска агенција „Анадолија“.

„Децата се од друг крај од светот и немаа помош. Кога ме контактираа, реков дека ќе помогнеме. Донесовме луѓе од различни делови од светот во Анкара, ја направивме комплексната операција и имавме прекрасни резултати“ – рекол доктор Џилани.

Мирха и Минал Мирха и Минал Мирха и Минал Мирха и Минал Мирха и Минал

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.