Сејби дефинитивно е мало чудо. Родено со тежина од само 245 грама, тоа официјално е најмалото бебе на светот кое преживеало.
Поради компликации, мајката на Сејби се породила во 24-тата недела од бременоста, а докторите во болницата во Сан Диего процениле дека новороденчето има минимални шанси да преживее. И покрај сè, со добра нега, бебенцето се изборило за живот.
За денот кога предвреме се породила, мајката на Сејди, која остана анонимна пред медиумите, раскажува: „Тоа беше најстрашниот ден во мојот живот. Се почувствував многу непријатно и си помислив дека можеби тоа е поради бременоста. Ми кажаа дека имам прееклампсија. Мојот крвен притисок беше многу, многу висок, над 200 и докторите требаше веднаш да ме породат. Им велев дека таа нема да преживее, дека таа е само 23 недели. Му рекоа на мојот сопруг дека има само еден час да помине со неа и дека таа ќе почине. Но, тој час се претвори во два часа, па потоа во ден и во недела.“
По пет месеци поминати во болница, Сејди си замина дома со здрава тежина од 2,5 килограми.
Во видеото кое го објави болницата за приказната на Сејди, мајката им се заблагодарува на сите вработени за посветеноста и односот кон неа во најтешките моменти.