Момче со церебрална парализа докажува дека чуда навистина се случуваат кога доволно силно веруваме во себе.
Том Роуч имал помалку од 1% шанси да преживее, а докторите велеле дека никогаш нема да прооди, но тој сега трча, плива, учи да вози велосипед и секојдневно ги надминува очекувањата на оние кои се сомневале во неговите способности.
Неговата мајка Џен Вилијамс ги добила лошите прогнози за Том откако ѝ пукнал водењакот во 17-тата недела од бременоста. Нејзе ѝ бил даден избор да ја прекине или да ја продолжи бременоста.
51-годишната мајка од Мелбурн оставила за тоа да одлучи природата и ја продолжила бременоста. Том се родил со итна интервенција во 29-тата недела од бременоста и тежел помалку од 1 килограм.
Откако развил цитомегаловирус, Том морал да ги помине првите 209 дена од животот во Оддел за неонатална интензивна нега. На 2-годишна возраст, му била дијагностицирана умерена церебрална парализа, а на редовен систематски преглед на 4-годишна возраст докторите ѝ рекле на неговата мајка дека тој никогаш нема да може да оди самостојно.
Но, Том и неговите родители никогаш не се откажаа од борбата. Полека, полека, Том ја зголемуваше својата сила со помош на специјална интензивна програма за физикална терапија за деца.
Секоја година тој поминува низ 2-3 интензивни сесии, а неговото семејство го документира напредокот. Том сега има 13 години и самостојно скока, трча, има освоено неколку медали во пливање и учи да игра кошарка и тенис, додека го подобрува својот баланс.
Мајка му вели дека неговиот напредок е чудо.
Видео
„Восхитена сум од постигнувањата на Том. Набљудувањето на неговото патување ми помогна да ги преоценам вредностите и приоритетите во мојот живот. Се гордеам што сум во ‘Тимот Том’ и со нетрпение чекам да видам што ќе прави подоцна во својот живот.“
„Том има неверојатна работна етика и кога ќе се посвети да направи нешто, ништо не може да му застане на патот. Но, она што е најважно и со што најмногу се гордеам е што има нежно и љубезно срце полно со љубов.“
„Лесно може да се предвиди иднината на Том: Тој сака да биде најдобрата верзија од себеси“ – рекла мајката Џен.