Почетна » Новости » Животни стории » Мајка со дијагностициран тумор на мозокот и мали шанси за бебе роди тројка

Мајка со дијагностициран тумор на мозокот и мали шанси за бебе роди тројка

Понекогаш животот ги носи најголемите радости кога најмалку ги очекуваме.

Мајка, која имала тумор на мозокот на 19 години и на која ѝ велеле дека речиси е невозможно да има повеќе деца, роди тројка зачната по природен пат.

Шанел сега го документира својот живот на социјалните мрежи како 22-годишна мајка на три мали бебиња и едно мало детенце, сите момчиња.

Шанел
@sahm_triplets 22 year old mom of Triplets✨#tripletmom #4boysmom #momofmultiples #26weeker #micropreemie #babyboy #fy #triplets #26weeker #micropreemie #babyboy #fy #tripletsoftiktok #goingout #toddlersoftiktok #toddlermom #tripletboys #huggiesbiritannechallenge #huggies @Huggies® ♬ home - sped up + reverb - pearl & fast forward >> & Tazzy

Младата мајка дознала дека има тумор на хипофизата откако ѝ се појавиле силни главоболки и долги менструални периоди кои траеле со месеци. Тогаш ѝ била поставена дијагноза пролактином, кој е неканцероген тумор и води до прекумерно лачење на пролактин.

„Еден од страничните ефекти е неплодност“ – рекла Шанел, која во тој период била фокусирана на третирањето на состојбата со лекарства и грижа за малиот син.

Во едно од видеата на TikTok, таа пишува:

Во 2020 година, ми се појавија силни главоболки. Едвај можев да ги отворам очите. Исто така не престанував да крварам, менструацијата ми траеше со месеци. Млекото од доењето на моето прво дете никогаш не ми прекина иако со месеци имав прекинато со доење. Посетив неколку доктори и никој не можеше да открие што ми е додека не ми препорачаа еден неверојатен доктор кој веднаш презеде акција.

Резултатите од испитувањата на крвта не беа во ред. Веднаш ме испрати на магнетна резонанца и сè што можев да направам беше да чекам месеци за резултатите... Се покажа дека имам тумор на мојата хипофиза и ми беше дијагностициран пролактином. Веднаш започнав со терапија и повторно се чувствував како себеси. Посакував да имам уште едно бебе иако знаев дека тоа е речиси невозможно.

Мојата борба со неплодноста започна. Се обидував да го следам мојот менструален циклус, но беше нередовен. Поминаа две години и немав никаква среќа, па препуштив сè во божји раце, бидејќи бев изморена да гледам негативни тестови за бременост. Изгубив надеж...

Но, во септември 2023 година, дознав дека сум бремена. Бев толку среќна, што не ми се веруваше. Моите молитви конечно беа слушнати. Но, она што не го знаев тогаш беше дека носев тројка.

Прегледот со ултразвук бил закажан една недела по откривањето на веста дека е бремена.

„Само што ја видов техничарката за ултразвук, знаев дека нешто се случува. Погледнав во екранот и видов дека има заокружено три бебиња. Веднаш започнав да плачам. Не ми се веруваше“ – раскажала таа во интервју.

@sahm_triplets Triplets 5D ultrasound#triplets #tripletmom #tripletboys #4boysmom #preemie #micropreemie #bittersweet #ultrasound #5dultrasound #babyboy #fy #rgvpeekaboo @PeekABooBabyRGVUltrasound ♬ Bundle of Joy (From "Inside Out") - Mark Northam

За жал, во 13-тата недела од бременоста, Шанел започнала да крвари и ѝ рекле дека има делумно одделување на плацентата и дека мора да лежи цела бременост.

„Ми рекоа дека морам постојано да лежам и објаснија дека поради тоа што имам делумно одделување на плацентата, моето тело нема да ги задржи бебињата уште долго време. Постојано бев во болка. На секој преглед имав контракции. Се плашев да излегувам поради ризикот да ги изгубам бебињата“ – раскажала таа.

@sahm_triplets My three little boys proved doctors wrong they are little warriors#tripletmom #triplets #tripletboys #4boysmom #micropreemie #fy #4boysmom #micropreemie #nicumom #youngmom #26weeker #prematurebaby #nicubaby #nicujourney #nicumom ♬ original sound - girl failure

Во 26-тата недела од бременоста, контракциите кај Шанел биле на 2 минути и ѝ биле дадени лекарства за забрзано созревање на белите дробови на бебињата. Таа ги родила трите бебиња со итен царски рез.

Ејден, Аксел и Аријан тежеа по помалку од еден килограм и поминаа три месеци на одделот за интензивна неонатална нега, но сега се дома и напредуваат покрај родителите и братчето.

@sahm_triplets After three long months my babies are home#triplets #tripletmom #4boysmom #nicubaby #fy #nicujourney #micropreemie #sahm #micropreemie #26weeker #youngmom #momofmultiples #tripletboys #nicujourney #prematurebaby #bebe ♬ take a moment to breathe. - normal the kid
Шанел Шанел Шанел Шанел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.