Денес е Светскиот ден на менталното здравје.
Мајка на три мали деца на социјалните мрежи ја документира и споделува својата борба со депресијата и длабоката тага со кои се соочила по смртта на сопругот Ерик.
Адријана Сансам станала вдовица на 29-годишна возраст, кога нејзиниот сопруг починал ненадејно од срцев удар без никакво предупредување пролетта 2023 година. Имал само 30 години и зад себе оставил три мали дечиња – 4 годишната Емилија, 2-годишниот Џексон и 15-месечната Рајли.
Бајковитиот живот на Адријана одеднаш се превртел наопаку и таа се соочила со многу ментални проблеми. Од неговата смрт наваму, таа споделува моменти од процесот на тагување и помирување на своите профили на социјалните мрежи.
Нејзина цел е да ја подигне свеста кај луѓето за загубата, болката и депресијата, нешто за коешто не се зборува доволно во нашето општество. Вистинска реткост е да се видат видеа од тешките моменти, бидејќи луѓето ги прикажуваат најчесто само убавите моменти од нивните животи.
„Тагата може да те погоди во секој можен момент и во најголем дел од случаите, доаѓа без предупредување. Сите мои добри денови завршуваат со солзи, бидејќи чувствувам вина што си поминувам убаво кога Ерик не може да го има тоа повеќе“ – вели таа.
Тагата не е нешто привлечно, хаотична е и непредвидлива. Но, токму поради тоа што луѓето не ја гледаат често на социјалните мрежи, кога ќе ја искусат, чувствуваат како нешто да не е во ред со нив. Адријана сака да го промени тоа, да им покаже дека не се сами и дека е во ред да не се чувствуваат ОК и да побараат помош.
@adriana.sansam I see you. I feel you. I am you. And I’m so freaking proud of you #keepgoing #mentalhealth #grieftok ♬ original sound - Creating Wonders
Кога почина Ерик, ми се чинеше како животот да ми заврши. Не можев да станам од кревет и чувствував како да помина цела вечност. Физички не можев да го движам телото. Не се туширав. Не јадев. Не си ги миев забите. Едвај одев во тоалет. Телото комплетно ми се затвори.
Еден ден, Еми дојде во мојата соба и ми рече: „Мамо, мораш да се преслечеш. Не можеш цел ден да спиеш во пижами“. Во тој момент преминав од посакување да умрам, во посакување на живеам за нив. Сфатив дека без разлика како се чувствував и низ што поминував, сè уште имав три малечки човечиња кои зависат единствено од мене. Нивните животи беа во мои раце и заслужуваа повеќе од покоен татко и мајка која едноставно се откажа. Никогаш нема да дознаат колку нивната љубов ме спаси од демоните на смртта која се обиде да ме обземе.
Засекогаш ќе им бидам должна на овие три прекрасни бебиња.
@adriana.sansam I’ll take today as a W ✨ #cleanwithme #grieftok ♬ Meet Me At Our Spot - Christian French
@adriana.sansam A year ago I took an early morning flight to pick up Eric's ashes. I called him about 100 times that morning hoping with every part of my being that he'd answer and tell me this wasn't real life. I still do that, you know. Call and leave countless amounts of voicemails hoping he'll answer them. And he does. Just in different ways. Missing you forever babe #missingyou #grief #griefjourney ♬ original sound - Adriana
Порано се будев секое утро лута што сум се разбудила. Само сакав да легнам да спијам и никогаш повеќе да не се разбудам. Не ми беше гајле за ништо. Ќе се уверев дека моите деца се згрижени и нахранети и тоа беше сè што можев да извадам од мене.
Го допрев дното кога сфатив колку штета нанесувам на четворицата од нас, па повторно најдов сила.
Знам што си мислат голем дел од вас. Дека само треба да закажам лекарски термин. Го направив тоа. Закажав 5, а отидов на 0. „Престани да бидеш мрзлива“. Не сум, само се борам секој ден за да останам жива. „Ако сакаше помош, ќе ја побараше.“ Тоа е точно, но понекогаш нашиот ум ни вели дека не ја заслужуваме.
Ако мислите дека овие зборови ќе ѝ помогнат на депресивна личност, нема. Ни требаат луѓе на наша страна. Не за да ни кажуваат што треба да направиме сами за себе, туку трпеливи личности, без предрасуди. Јас имав неколку од нив. Тие ми помогнаа на одам на 6-тиот лекарски термин и да ми го препишат она што ми требаше.
Постои голема стигма поврзана со менталното здравје, земањето антидепресиви и одењето на терапии и никогаш нема да разберам зошто. Искрено верувам дека сите ние можеме да го искористиме едното или другото во одреден момент од нашиот живот.
Ова е потсетник дека е ОК да не сте ОК. ОК е да ви треба помош. Кога ќе бидете подготвени, има многу помош за вас таму некаде. Не сте и никогаш нема да бидете сами, без разлика колку многу вашиот мозок и вашето тело се обидуваат да ве убедат во спротивното.
@adriana.sansam The amount of tears j just shed for this trend #missingdaddy #grief #lifeafterloss #widow #motherhood #griefjourney ♬ Wide Awake by Katy Perry - Aepurry ❀
@adriana.sansam I’ve suffered from depression for so long I know first hand how easy it can be to just sit and sulk in your misery. And I also know how easy it can be to find temporary happiness in something/someone else, but there is nothing like finding peace and happiness within yourself #fyp #foryou #AXERatioChallenge #mentalhealthmatters #mentalhealth #mentalhealthawareness #viral ♬ original sound - Adriana
@adriana.sansam It’s amazing what can happen when you take all the love you’ve been pouring into others and pour it into yourself #happiness #healing #lifeafterloss #griefjourney #loveyourself ♬ original sound - Adriana