Почетна » Новости » Животни стории » Мајка која поради рак ги отстрани двете гради гордо ги покажува лузните од својата битка

Мајка која поради рак ги отстрани двете гради гордо ги покажува лузните од својата битка

Амелија е мајка на две деца која го цени секој нов ден во кој се буди и не се предава на предизвиците кои ѝ ги задава животот.

Фотографката од Торонто ги отстрани двете гради поради рак и денес гордо ги покажува лузните од своите најтешки битки.

На својот Instagram профил, таа ја споделува својата приказна за да ги потсети сите жени редовно да си прават прегледи на градите.

Амелија

Амелија, која најчесто е нарекувана Миа, ја добила страшната дијагноза во август 2020 година, само два дена пред нејзиниот 36-ти роденден.

„Ми беше дијагностициран рак на дојка. Тоа беше голем шок. Немам семејна историја на оваа болест“ – рекла Миа за добивањето на шокантната вест.

Амелија Амелија Амелија

Миа признава дека случајно ја открила грутката на градата.

„Едно утро лежев в кревет кога моите две ќерки, кои имаа 6 и 4 години, дотрчаа во спалната соба и скокнаа на мојот кревет за да видат дали сум будна. Рефлексно ги фатив градите за да се заштитам од овие две смешки кои скокаа. И тогаш ја почувствував грутката на мојата лева дојка. Осеќав како да се појави преку ноќ“ – споделила таа.

„Грутката ја почувствува и мојот сопруг и одлучивме да одиме на преглед. И двајцата не помислувавме на рак. Бев сигурна дека е некоја бенигна циста“ – дополнила Миа. Но, за жал не била бенигна.

Во септември 2020 година, Миа ја направила првата операција за отстранување на едната града. „Операцијата помина одлично и бев пресреќна кога ми кажаа дека ракот беше во најраната фаза. Не ми требаше хемотерапија и ракот беше отстранет“ – објаснила таа.

Миа започнала да прима хормонска терапија, а следната година минала низ превентивна операција за отстранување на јајниците и јајцеводите. „Жалев што ми беше одземен изборот да имам уште деца, но се помирив со мастектомијата и со моето ново тело“ – рекла таа.

Амелија Амелија Амелија

Фактот што сето тоа се случувало сред пандемијата со Ковид-19 уште повеќе ја отежнувало нејзината борба. Така, во февруари 2023 година, Миа решила да ја отстрани и десната града.

„Запомнете: Без оглед како изгледаат вашите лузни, тие се убави. Тие се дел од вашето патување. Тие се дел од ВАС како личност. Личност со која пријателите делат насмевки, која добива љубов од семејството, која децата сакаат да ја прегрнуваат. Личност која помина толку многу за да биде тука.“

„Да ги славиме нашите лузни. Да ги сакаме нашите тела без разлика колку различно изгледаме“ – вели Миа.

Амелија

Смелата мајка признава дека и покрај храброста да се соблече и да ги покаже лузните, таа сè уште се чувствува непријатно во бикини.

„Ако треба да бидам искрена, нервозна сум кога ќе дојде лето. Нервозна сум што ќе носам костим за капење и тесна облека. Нервозна сум што изгубив дел од мојата женственост. Ми недостигаат моите гради и мразам што ракот ми ги одзеде“

„Но, наместо омразата, се фокусирам на радоста. Тука сум, здрава сум и сè уште сум јас. Минувањето низ оваа трансформација ми даде љубов кон самата себе која ја немав претходно. Љубов за ова мое тело со сите несовршености“ – пишува Миа.

Амелија

„Раната детекција на ракот е клучна“ – порачува позитивната Канаѓанка.

Амелија Амелија Амелија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.