Почетна » Новости » Животни стории » „Мамо, дали сум убава?“: Мајка со фото-проект ја редефинира убавината за ќеркичката да расте во инклузивен свет

„Мамо, дали сум убава?“: Мајка со фото-проект ја редефинира убавината за ќеркичката да расте во инклузивен свет

Мајка започна да создава фото-проект со луѓе со различности за да покаже дека не постои универзална дефиниција за убавината и дека секој е убав на свој начин.

Кога еден ден Сујата Сетија го чула од ќерка си прашањето „Дали сум убава?“, таа сфатила дека треба да создаде поинаков свет од оној во кој растела. Популарната фотографка вели дека не сака нејзината ќерка да расте со истите ограничувања за убавината кои ѝ биле наметнати нејзе и дека се труди да создаде инклузивен свет во кој самата таа ќе си создаде своја верзија за убавината.

„Еден ден, кога мојата 8-годишна ќерка дојде дома, ме праша дали е убава и ме замисли што да ѝ речам. Која е дефиницијата за овој збор?... Не сакам еден ден таа да ми ги постави истите прашања кои го дефинираа концептот за убавина за мене кога бев дете. Сакам таа да може да расте без овие ограничувања. Да ја дефинира сопствената верзија за она што е убаво. Да биде инклузивна и да цени дека вистинската убавина лежи во фактот дека сите сме уникатни и различни едни од други“ – објаснува таа.

Сујата фотографира луѓе кои се визуелно различни од другите, но кои не дозволуваат општествените стереотипи да влијаат на љубовта која ја имаат кон себе. Тие се сакаат себеси токму онакви какви што се.

Кетрин

Кетрин

Кетрин се враќала од скијање на Алпите кога кочниците на возилото во кое се возела откажале и се случила несреќата. На 96% од нејзиното тело имало изгореници од трет степен. Нејзините шанси да преживее биле 1 наспрема 1.000.

„Се сеќавам дека мислев на семејството во тие последни моменти пред да се случи несреќата. Возачот беше херој. Тој не го напушти возилото. Наместо тоа, ги предупреди сите патници за неизбежната несреќа. Тој умре, но ни ги спаси животите на сите“ – рекла таа.

По три месеци поминати во кома, 200 операции и 4 години рехабилитација, Кетрин ѝ пркоси на судбината. Таа живее и живее со елан. Таа мотивира и инспирира и иницира разговори кои ја редефинираат убавината.

„Ако моите лузни прават да се чувствуваш подобро за твоите, тогаш среќна сум за тебе. Те разбирам и истото го очекувам од тебе. Емпатија, не сожалување. Моите лузни ме прават специјална, уникатна, различно убава. Тие се потези направени со четката на животот и јас сум вљубена во оваа слика“ – вели Кетрин.

Кетрин Кетрин

Џејмс и Ешли

Кетрин

За овој пар, Сујата пишува:

„Отсекогаш се прашував како би било кога би имал уште едно дете и кога би требало да ги држам цврсто двете во исто време“ – ми рече со насмевка Џејмс. Ниту трошка тага, ниту момент потрошен прашувајќи ја судбината зошто тоа им се случува ним. Пред 9 години, Џејмс ги изгуби раката и ногата во инцидент, а Ешли е родена без долниот дел од нејзината десна рака.

„Не сакав да имам деца, бидејќи сметав дека нема да бидам способна да ѝ ја држам главата. Како ќе ја придржувам нејзината глава додека ја дојам? Како ќе ѝ ги врзувам врвките? Или како ќе ја преслекувам? Но, сè се среди само од себе. Елара сфати дека мама и тато мораат да ги прават нештата различно. Таа работи со нас на решенијата“ – рекла Ешли.

Средбата со нив фрли светлина на моите сопствени способности како личност. Честопати се прашувам за животот и за околностите, си барам изговори и велам дека можев да бидам подобра ако животот беше фер кон мене. Не повеќе... Повеќе нема да чекам животот да го поправи својот курс, туку јас го поправам мојот. Бидејќи околностите не те дефинираат, туку ти го правиш тоа!

Кетрин Кетрин

Џоен

Кетрин

Растењето со албинизам и учењето во државно училиште, доведе до тоа исмејувањето да стане важен дел од детството на Џоен. Но, кога ќе разговараш со неа, чувствуваш дека се ослободила од гневот од нејзиното срце за изгубеното детство и за украдената невиност. Како да им опростила на сите оние кои ја нарекувале со погрдни зборови и велеле дека изгледа како дух.

Има тивка сила на местото каде што јас барав гнев, има смисла за слобода каде што јас се надевав дека ќе пронајдам сомнеж. Ослободување од постојаното осудување и омаловажување. Ослободување од грижите дека нејзината состојба ја прави различна од другите... И наместо тоа има верување дека различното е длабоко убаво и бескрајно уникатно.

„Избрав да го живеам животот без каење“ – ми рече Џоен. И навистина го прави тоа. Запознајте ја Џоен. За мене, таа е дефиниција за добрина, страст, простување и верување дека нашиот живот е кулминација на изборите кои ги правиме, а не она што другите ќе го изберат за нас.

Кетрин

Шерил

Кетрин

„101 далматинец. Тесто за колачи. Точкесто лице. Ова беа имињата кои моите соученици ги чуваа за мене. Додека растев, се мразев себеси. Ги мразев сите околу мене. Никој не изгледаше како мене... Јас не изгледав како нив. Мислев дека сум грда... одвратна. Тие чувства ме одведоа на многу мрачно место. Врските кои ги имав со луѓето кои најмногу ги сакав страдаа, сè до пред 3 години. Моите деца беа пресвртница за мене. Се сеќавам на тој ден многу добро. Одевме на семеен одмор и јас избирав облека која требаше да ми помогне да се покријам себеси. Не сакав да ме гледаат и само си поставував едно прашање: ‘Каков пример сум за моите деца ако не се прифаќам онаква каква што сум?’ Не сакам тие да се грижат дали ќе се вклопат. Сакам да се чувствуваат комфорно онакви кави што се. Затоа, тој ден избрав да бидам ЈАС! Здраво, се викам Шерил. Се родив со конгенитален меланоцитен невус. Ова се моите лузни. Ова сум јас. Се сакам себеси. Се прифаќам себеси. Се носам себеси со почит, самодоверба и бескрајна радост. За мене... јас сум за чествување.“

Кетрин

Амбер

Кетрин

„Мојот стомак стана толку голем, што докторите мислеа дека ќе имам близнаци. Моите стомачни мускули комплетно се разделија до степен до кој докторите едвај можеа да ги препознаат за време на царскиот рез. Рекоа дека тоа е најлошото оштетување на стомачните мускули кое некогаш го виделе... И тогаш се роди нашата Емилија, тешка 5,84 килограми. Станав мајка на ова чудо. Моето дете... Здраво! Се викам Амбер и сум мајка. Имам лузни. Ќе ги носам моите лузни како накит на моето тело и мојата душа. Ги чествувам овие лузни.“

Кетрин

Челзи

Кетрин

„Ми рекоа дека моето дете нема да се роди живо. На мојот скрининг во 20. недела од бременоста, ѝ беше дијагностициран цистичен хигром. Докторите се плашеа дека како резултат на големите цисти кои ги притискаа нејзините дишни патишта, таа ќе има фатални проблеми по раѓањето. Ни беа кажани ужасните вести дека Иден нема да го преживее првиот ден. Но, на 9 август 2016 година Иден, бебето-чудо, ги надмина сите очекувања и се роди со царски рез во соба полна со доктори, детски хирурзи и медицински сестри. Се роди со малформација на лимфните жлезди во форма на израсток на лицето и вратот. Пет години и 20 хирурзи подоцна, Иден продолжува да ги изненадува докторите и да ги надминува очекувањата станувајќи совршено, среќно и убаво мало девојче. Откако се роди Иден, јас се застапувам на искоренување на стигмата за нејзината видлива различност и хендикеп. Нема да одрекувам дека Иден е предмет на многу гадни коментари од онлајн тролови поради начинот на кој изгледа. Но, ништо од тоа не ме спречи да бидам гласот на мојата ќерка и да стојам покрај неа и покрај секој со видлива различност“.

Кетрин Кетрин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.