Невае е мало девојче со огромна волја за живот.
Само еден месец по првиот роденден, на слатката хероина ѝ била дијагностицирана миелоидна леукемија, но таа не дозволи болеста да победи. По пет рунди хемотерапии и пресадување на коскена срцевина, Невае успеа да се избори со ракот на крвта и да излезе како победник.
По повод едногодишнината од нејзината победа, Невае сними слатка фотосесија за која позираше со златни боксерски ракавици.
Првите симптоми со кои се соочило 3-годишното девојче пред дијагнозата биле висока температура, недостиг на апетит и ниска енергија. Тестирањето, покажало дека Невае има КОВИД и пневмонија. По влошувањето на симптомите и консултации со онколог, семејството ја добило лошата дијагноза.
Малото девојче помина низ тешки третмани со хемотерапии, трансфузии, трансплантации и болнички престои за да се избори со болеста.
„Таа заслужува повеќе отколку што ѝ даде овој живот. Ракот ни ги промени животите“ – велат родителите.