Почетна » Новости » Животни стории » „Кај Никола од Црешево нема повеќе метастази“: Младото момче го победи ракот со помош на хуманите граѓани

„Кај Никола од Црешево нема повеќе метастази“: Младото момче го победи ракот со помош на хуманите граѓани

Никола Ѓорѓиев извојува победа над ракот со помош на хуманите македонски граѓани.

На 20-годишното момче од село Црешево, кое нема родители и живее со своите баба и дедо, му беше дијагностицирана малигна неоплазма, миелоидна лоза, редок вид на канцер на коските. Минатата година за негово лекување се собираа средства преку апел за помош.

Сега, Никола направи втора контрола во Турција, која покажа дека во неговото тело нема повеќе метастази.

Никола Ѓорѓиев

Убавата вест со фотографии ја објавија Жаклина Пешевска и Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

„Младиот Никола ја победи болеста. Со голема радост сакам да објавам дека штотуку разговарав со младиот Никола кој се наоѓа на лекарски прегледи во Турција и ме извести дека и при оваа контрола е утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази. Ова е втора контрола со која на Никола му се констатира истото. Ова е победа на сите хумани луѓе! Во хуманоста за Никола се обединивме сите и јас од срце им благодарам на сите оние кои донираа“ – напиша Стефковски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.