Почетна » Новости » Животни стории » „Истата болница, истиот доктор, на истиот ден“: Мајка по вторпат се породи во вода во болница „Плодност“

„Истата болница, истиот доктор, на истиот ден“: Мајка по вторпат се породи во вода во болница „Плодност“

Вишна од Кавадарци го роди своето второ детенце на истиот ден и во истите услови како и првото.

Мајката се породи во вода во истата болница, кај истиот доктор, на истиот ден и со истата позитивна енергија.

Веста и фотографиите од овој невообичаен момент ги објавија од болницата „Плодност“ во Битола, каде беше породувањето.

Вишна и Огнен

„Некои моменти во животот навистина не се случајни!“

„Пред пет години, на истиот ден во 2020-та, првпат го избрав д-р Владимир Поповски за своето прво породување во вода во Болница Плодност.“

„Вчера, на 10.02.2025, повторно се вратив на истото место, кај истиот доктор, нова радост по втор пат. Неверојатна коинциденција!“

„Овој пат мислев дека ќе биде полесно, но вистината е дека секое породување носи своја приказна и тежина.“

„Она што ме водеше низ целиот процес беше топлината на водата, која е од огромна помош и позитивната енергија на д-р Поповски, кој повторно го водеше мојот пораѓај. Д-р Поповски е бисер во школка во болницата” – вели со радост пациентката Вишна.

Во 12:00 часот пациентката влезе во базенот за породување, а веќе во 1:30 часот го држеше во раце својот син – малиот Огнен.

Со насмевка пациентката додаде: ‘Дојдов од Кавадарци на кафе во Битола, а си заминувам со бебе во прегратка и срце полно љубов’.

Второто водено породување – истата сигурност, истото совршено искуство.

Вишна и Огнен Вишна и Огнен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22730 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.