„Во свет во кој ниту една природна насмевка не е доволно совршена, во кој се зголемуваат градите и усните, таа е родена и живее без двете раце. Денес вози, слика, готви и заедно со сопругот се грижи за мало дете“ – вака беше најавена Дејана Бачко во емисијата „Jutro“.
Инспиративната Србинка, која е родена без раце, секојдневно руши предрасуди и стереотипи, докажувајќи дека ништо не е невозможно.
Дејана немала лесно детство и честопати морала да се бори за да покаже дека без две раце може да постигне сè што можат и луѓето родени со раце. Денес, таа е инспирација на социјалните мрежи и е креатор на профилот „Devojka sa krilima“ (Девојка со крилја), кој неодамна стана „Mama sa krilima“ (Мајка со крилја).
Бачко никогаш не дозволувала нејзиниот телесен недостаток да ја дефинира. Таа има освоено златен медал на Светско првенство во пара таеквондо, а е академски образована ликовна уметница која има насликано прекрасни дела.
Во февруари минатата година. Дејана ја доби и улогата на мајка. Со сопругот Марко, таа ја има ќеркичката Лара.
Запрашана за нејзиното детство и за предрасудите со кои се соочувала на училиште, Дејана рече:
„Не сакам да зборувам за моето детство, затоа што немав некое убаво детство.“
„Можам да кажам дека сликам од мојата петта година. Додека растев, најголемата поддршка ми беше мајка ми, како и ден-денес. Денес не би била она што сум ако не беше мајка ми. Таа се бореше и да се запишам во редовно основно училиште и редовно средно училиште, така што со целото срце ѝ се заблагодарувам неа. Дипломиран академски сликар сум и сликам со нозе, возам автомобил, положив оваа година“.
Бачко се отвори и за предрасудите на училиште:
„Да, имаше предрасуди на почетокот од основното школо. Не беа толку децата, колку што беа родителите. Родителите само рекоа дека нивните деца нема да одат со мене во одделението, затоа што немам раце. Имав предрасуди и кога требаше да се запишам во средно училиште. Од 100 поени, јас имав 99, плус тие не знаеја дека сликам со нозе. Дојде директорката и ми рече дека не можам да се запишам во тоа училиште... Бев бесна, сакав да докажам дека го можам тоа. Не сакам кога некој ме сожалува и ми кажува дека нешто не можам. Јас тогаш од инает докажувам дека тоа навистина го можам.“
Иако низ животот требало да совлада многу препреки за да може самостојно да функционира, Дејана споделува дека најголем предизвик ѝ било мајчинството и добивањето на ќеркичката Лара.
„Тоа ми беше најголемиот предизвик во животот досега. Се плашев како ќе ја земам иако немам раце, како ќе ја извадам од креветчето. Сега нормално можам без проблем, ме прегрнува и така можам да ја извадам. Но, на почетокот се плашев. Имав ситуации кога седнував и плачев, но сето тоа поминува“ – рекла таа.
Во мај оваа година, Дејана го положи испитот за возачка дозвола и сега е одличен шофер. Сепак, таа се соочила со голем број предрасуди и негативни коментари на социјалните мрежи.
„Имаше осуди кога станува збор за испитот за возачка дозвола. Имаше осуди, но јас ги разбирам луѓето затоа што не се упатени дека лицата со инвалидитет имаат исто право да полагаат за возачка дозвола како и сите нормални.“
„Коментарите беа дека не е безбедно да возам со нозе, дека не треба да си играм. Имаше негативни коментари, но најголемиот дел беа позитивни“ – сподели таа.
@prvatelevizija Dejana Bačko, poznatija kao Devojka sa krilima, rođena je bez ruku, ali je to nije sprečilo da živi normalnim životom i mnogim ljudima da primer kako se sve može kada postoji jaka želja. Ona i njen suprug su bili gosti “Jutra”, ovo je PRVI DEO njihove priče.
♬ original sound - Prva Televizija
Бачко уште од почетокот на својот живот е борец. Таа ги поминала првите пет години во дом за незгрижени деца, бидејќи нејзината мајка Сандра ги послушала препораките на докторите кои ѝ рекле дека таа нема да преживее повеќе од 48 часа. Тогаш, таа имала само 19 години.
По пет години, преку медиумите, Сандра дознала за Дејана и ја одвела во својот дом, подарувајќи ѝ безусловна љубов и неизмерна поддршка. Така, таа започнала да учи да живее самостојно и покрај својот инвалидитет.
„Ми рекоа дека таа нема да преживее. По пет години, во весник откривме дека Дејана е во дом. Отидовме таму и ја донесовме дома, така што таа од својата петта година е во своето семејство. Не обвинувам никого. Веројатно Бог така сакал да биде. Ние на крајот повторно се пронајдовме и повторно сме семејство“ – рекла пред неколку години Сандра.
Денес, Дејана ги руши сите предрасуди за лицата како неа.