Хемијата меѓу Кејди Еверсон и Ет Брит е многу повеќе од љубов од школските клупи. Тие се запознале уште како деца, бидејќи мајката на Кејди му била дадилка на Ет. Па така, растеле заедно, а додека биле мали си го споделиле и првиот бакнеж.
Љубовните партнери, на кои им било судено да бидат заедно, прво си разменувале љубовни пораки кон средината на основното образование. Нивната врска била прекината кога Кејди се преселила подалеку, но повторно ја обновиле во средношколските денови.
„Си ги разменивме телефонските броеви и оттогаш, бевме залепени за телефоните, разменувајќи си пораки“ – рекла таа.
Кејди и Ет сега се неразделни и патуваат заедно низ САД, следејќи ги авантуристичкиот дух и заедничката страст кон патувањата. Неодамна, парот реновираше комбе за да продолжи да патува.
„Имате цел живот пред вас. Состанувајте се со некој кој ќе ви биде најдобар пријател“ – порачува таа.