Карла, Паули, Танија и Лилија се силни жени кои по победата на ракот на дојка смело ги покажа лузните од мастектомијата.
Четирите хероини позираа за фотосесија за брендот за долна облека „La Bralette“ и ги раскажаа своите инспиративни животни приказни.
Карла Барахас дознала дека има тумор на едната дојка, која морала да ѝ биде отстранета во 2018 година. Потоа следувале терапии за да се спречи повторно враќање на болеста.
„Овие жени ме потсетија на нешто што е важно - живи сме. Заедно сме посилни“ – пишува Карла.
„Ви посакувам да ги носите лузните со гордост, храбро да ги покажувате пред другите, да се гледате во огледалото со љубов, сеќавајќи се колку сте благословени што сте живи, што можете да се смеете, да ја раскажувате вашата приказна и да ја пишувате наново уште многу пати. Ви посакувам наместо да гледате што изгубивте, секогаш да имате на ум што сте добиле“ – пишува Паули.
Октомври е месец за подигнување на свеста за ракот на дојка.