Октомври е месец за подигнување на свеста за ракот на дојка и за важноста на редовните самопрегледи и навременото откривање на болеста.
Меган Џонс е само една од армијата жени кои ја водат тешката битка со оваа опака болест и го споделуваат своето патување онлајн. Кога дознала дека има рак на дојка, мајката на две девојчиња го создала профилот thepinkjourneywithmeg за да го документира секој чекор од нејзиното лекување.
Џонс ја слушнала страшната дијагноза откако на 13 јули годинава си пронашла грутка на десната града. Тестирањата покажале дека таа има инвазивен дуктален карцином кој се имал проширено и на лимфна жлезда. Иако некое време се противела на хемотерапиите, на крајот прифатила дека мора да помине низ тој третман пред да биде оперирана.
Како последица на силните хемотерапии, косата веднаш започнала да ѝ опаѓа и Меган ја донесла тешката одлука целосно да си ја скрати косата. Нејзиното семејство ѝ помогнало да си ја избричи главата.
@thepinkjourneywithmeg I don’t know if words can fully capture the emotions that filled my heart leading up to yesterday. I never imagined this day would seriously come. Behind the smile, you will find a mother trying to keep it together for her girls. My only hope was to try and make one more thing, a little less scary for them. In the past two months, life has thrown more at us than we could ever have expected, and there’s been so little we could control. But in this, we found something we could. So, we chose to turn this hard, heartbreaking day into something beautiful. Of course, with two girls, we had to split my head in half and let each of them do their own thing For me, shaving my head wasn’t just about letting go of my hair. It was a release, shedding the weight of trauma and cancer from my body. It marks the start of a new day, a new journey of healing, and I’m ready to embrace all the love and newness it brings. Thank you for holding space for me, for my girls, and for our family. We are beyond grateful for the love that surrounds us! #breastcancerawareness #chemo #baldisbeautiful #cancer #cancertok #wig #idc ♬ Easy On Me - Adele
Не знам дали зборовите можат целосно да ги опишат емоциите кои ми го исполнија срцето. Никогаш не мислев дека овој ден сериозно ќе дојде. Зад таа насмевка, се крие мајка која се обидуваа да биде силна за нејзините девојчиња. Мојата единствена надеж е да го направам ова помалку страшно за нив.
Во изминатите два месеци, животот фрли врз нас повеќе предизвици отколку што можевме да очекуваме и имаше многу малку нешта кои можевме да ги контролираме. Но, најдовме едно нешто кое можевме. Избравме да го претвориме овој тежок, срцепарателен ден во нешто убаво. Се разбира, со две девојчиња моравме да ја поделиме мојата глава на две и да им дозволиме секоја од нив да си ја заврши работата.
За мене, бричењето на главата не беше само за ослободување од косата. Беше ослободување од тежината на траумата и ракот од моето тело. Беше почеток на нов ден, ново патување од лекувањето и подготвена сум да ја прегрнам целата љубов и новотија која ја носи.
На 1 октомври, Џонс сподели фотографија на која позира со ќелава глава и сакајќи да ги потсети следбениците на важноста на самопрегледувањето, напиша:
„Прв ден е од месецот, време е за твојот самопреглед. Проверете си ги градите дами, бидејќи моите се обидоа да ме убијат“.
@thepinkjourneywithmeg Happy Breast Cancer Awareness Month the first of the month, time for your self exam! Check those titties, ladies! Because mine tried to kill me #breastcancerawarenessmonth #breastcancerawareness #earlydetection #cancertok #pink #bald #idc #selfexam #wig ♬ 1st of Tha Month - Bone Thugs-n-Harmony