Почетна » Новости » Животни стории » Жена не дозволува хендикепот да ја спречи да патува, да се дотерува и максимално да ужива во животот

Жена не дозволува хендикепот да ја спречи да патува, да се дотерува и максимално да ужива во животот

Жена со инвалидитет патува низ светот, одушевува со модните комбинации, заработува самостојно и максимално ужива во животот. И сето тоа го прави од својата инвалидска количка.

Марсела Марињон не дозволува нејзиниот хендикеп да ја спречи да ги оствари нејзините соништа и се надева дека ќе инспирира и други личности да го следат нејзиниот пример.

Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон

Кога имала 20 години, Марсела преживеала сообраќајна несреќа во која починало нејзиното момче. Како последица на инцидентот, предизвикан од пијан шофер, останала парализирана од половината надолу и ја изгубила едната нога.

Марсела Марињон Марсела Марињон

И покрај тоа, инспиративната жена и мајка на едно девојче има посетено голем број земји, а непосредно пред пандемијата, стигна на „покривот на Африка“, на врвот на Килиманџаро.

Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон

„Мојот живот е прекрасно патување и покрај сите подеми и падови. Клучот е што се фокусирам на моите благослови и на можностите. Она што ме тера да станам од креветот секое утро е страста да го живеам животот најдобро што умеам и љубовта која ја имам кон ќерка ми и семејството. Секој ден сум благодарна што сум жива и во добро здравје“.

Марсела Марињон

„Секојпат кога ќе ја напуштам мојата земја, се претворам во жена-авантурист која не се плаши да го искуси и лошото и доброто. Секоја земја си има свои обичаи и традиции и ми се допаѓа кога можам да го искусам тоа“ – вели Марсела, која е родена во Перу.

Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон

На профилот „The Journey of a Brave Woman“, таа постојано споделува фотографии и видеа од своите патувања и од модните комбинации, за да ги инспирира лицата со хендикеп да го живеат нивниот живот најубаво што можат. Истовремено, се обидува да го подигне прашањето за недостигот на физичка пристапност за лица со инвалидитет низ светот и се бори за инклузивност во модната индустрија.

Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон

„Се надевам дека ќе им дадам надеж и позитивност на лицата со сличен хендикеп. Сакам да инспирирам колку што е можно повеќе луѓе да го живеат животот најдобро што можат. Да не забораваме дека сите сме креатори на сопствената судбина.“

„Искористете ја секоја шанса која ви се пружи во животот, бидејќи некои нешта се случуваат само еднаш. Ова е мотото по коешто живеам и не морам да бидам совршена, за да пробам нешто ново. Само треба да бидам она што сум“ – вели таа.

Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон Марсела Марињон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20882 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.