Почетна » Новости » Занимливости » Жена создава кукли кои се мини копии на деца со хендикеп за да им ја зголеми самодовербата

Жена создава кукли кои се мини копии на деца со хендикеп за да им ја зголеми самодовербата

Прекрасна жена има хумана мисија пред себе – да им покаже на децата со хендикеп, рак или физичка „несовршеност“ дека се совршени токму онакви какви што се. Како? Преку создавање кукли кои се мини-копија на дечињата.

Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис

Ејми Џендрајвис во минатото работела како социјален работник во оддел за детска онкологија. Таа честопати имала задача да им даде на малите пациенти донирани кукли и играчки, а најтешко ѝ било кога на дете без коса, требало да му подари кукла со долга и густа коса.

„Кога едно дете ќе погледне во лицето на кукла, тоа треба да го види сопственото.“

„Многу од децата никогаш немале можност да ги видат своите слатки лица рефлектирани на кукла. Тешко е да му кажеш на дете дека е убаво, но потоа да следува: 'Никогаш нема да се видиш во нешто што личи на тебе'“ – вели Ејми која е мајка на три деца.

Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис

„Јас сум креатор на кукли кој смета дека секое дете, без разлика на полот, етничката припадност, возраста, медицинските проблеми или типот на тело, треба да има кукла која личи на него“ – додава таа.

Ејми, досега има направено 300 кукли за деца од целиот свет. „Правењето кукли ми овозможи да ја комбинирам мојата љубов кон куклите со мојата страст кон социјалната работа. Секогаш бев разочарана од недостигот на разновидност во куклите“ – вели Џендрајвис.

Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис Ејми Џендрајвис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.