Почетна » Новости » Занимливости » „Јас го носев 9 месеци, а сега тој е оној кој ме носи“: Момче ја качува во авион мајка си која не може да оди

„Јас го носев 9 месеци, а сега тој е оној кој ме носи“: Момче ја качува во авион мајка си која не може да оди

Емотивно видео од мајка во инвалидска количка и нејзиниот син разнежнува срца низ светот.

Во него, Гилерме ја качува во авион и ја носи до нејзиното седиште мајка му Андреа Шварц која не може да оди. Снимката ја сподели самата Андреа и напиша:

„Јас го носев 9 месеци, а сега тој е оној кој ме носи. Како што честопати велам: Сè е возможно кога има љубов“.

@goodnewscorrespondent His mother carried him for 9 months. Now her children help carry her when she needs help. (:@dea_schwarz ♬ Overcome - Skott

Андреа од Бразил е дигитална креаторка и активистка, која е во инвалидска количка од својата 22 година. Нејзиниот сакан никогаш не ја напушти, напротив тој ѝ предложи брак и заедно имаат два сина, Гилерме и Леонардо. Сепак, кога тој не е со неа, нејзините деца ѝ помагаат да стигне онаму каде што има потреба, носејќи ја на раце.

Андреа Шварц Андреа Шварц Андреа Шварц Андреа Шварц Андреа Шварц Андреа Шварц
@dea_schwarz Quantas vezes o Jaques fez minhas transferências nesses 25 anos? ️ O meu marido faz mais ou menos 20 transferências por dia em mim, imagine isso ao longo desses anos? Algumas pessoas falam que isso é ruim, mas nós discordamos. Sempre tivemos muito amor e cumplicidade. E amamos a companhia um do outro. Tanto que o Jaques fala assim: “É um privilégio ter você nos meus braços todos os dias.” Costumo dizer nas minhas palestras uma frase linda sobre o amor: “O amor não precisa ser explicado, apenas vivido!” Concorda? #inclusão #acessibilidade #diversidade #cadeirante #PCD #fy #fyp #foryou ♬ som original - Dea Schwarz

Само една година откако стана лице со попреченост, Андреа ја основаше првата компанија и оттогаш наваму постојано се бори за подигнување на свеста кај луѓето, за обезбедување подобри услови за лицата со инвалидитет и за нивно вклучување во пазарот на трудот.

„Мојот инвалидитет е дел од мојата приказна, тоа не е моја точка, туку е запирка. Ми требаше кратко време за да сфатам дека сè уште сум истата личност, само што седам во инвалидска количка, но светот не е подготвен за некој како мене.“

„Веќе има повеќе од 20 илјади лица на кои можевме да им помогнеме да се вклучат на пазарот на трудот. Иако досега имам поминато повеќе време во седење одошто во стоење, се чувствувам исполнето со патот што беше избран за мене и со сè што успеав да постигнам.“

„Општеството отсекогаш ја гледало попреченоста пред личноста и професионалноста, фокусирајќи се повеќе на ограничувањата отколку на потенцијалот. Со моето речиси 25-годишно искуство во инвалидска количка и со сето она што го постигнав, покажувам дека постојат патишта надвор од реалноста која е како зацртана кога сте лице со попреченост.“

„Работата и вклучувањето на пазарот на трудот е најдобриот пат за инклузија. Со работа сме активни, се развиваме, плаќаме сметки и запознаваме нови луѓе. Горда сум што им помогнавме на толку многу луѓе да се вработат“ – вели таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.