Почетна » Новости » Животни стории » Девојка со фотографии на кои си го бричи лицето ја подигнува свеста за синдромот на полицистични јајници

Девојка со фотографии на кои си го бричи лицето ја подигнува свеста за синдромот на полицистични јајници

Девојка сподели фотографии на кои ја покажува реалноста на голем број жени кои страдаат од синдром на полицистични јајници. На нив, таа си ги бричи влакната од лицето со цел да ја подигне свеста за оваа состојба и за да апелира луѓето да не им судат на другите врз основа на надворешниот изглед.

Тина-Мери Безнек, која е фитнес блогерка, неодамна објави четири фотографии на кои се бричи. Во описот на фотографиите, таа објаснува повеќе за симптомите предизвикани од полицистичните јајници – подуеност, акни, болка, неплодност и сл.

Еве го нејзиниот текст:

Тина-Мери Безнек

Здраво, се викам Тина и имам синдром на полицистични јајници. Како и депресија, анксиозност, неплодност, зголемена телесна тежина, хормонални нарушувања, подуеност, болки во стомакот, акни, цисти, зголемен ризик од рак и меѓу другото, и јас, како и многу други жени, морам да се справувам со влакнетост на лицето!

Знаете ли колку тоа придонесува жената да се чувствува НЕЖЕНСТВЕНО!?!? Секогаш ми било непријатно за тоа, но навистина морав да зборувам за ова, зашто сакам да ја зголемам свеста за овој синдром и да покажам колку многу тој може да влијае на нечиј живот, особено ако таа личност не знае дека го има.

Кога ќе видите некој кој има прекумерна тежина, кој има проќелавени делови или жена која има влакна на лицето, НЕ СУДЕТЕ!

Никогаш не може да знаете низ што минува таа личност и не е фер да ставите некој во категоријата „мрзлив и нездрав“ без да ја знаете неговата приказна. Знам дека на некои луѓе им е природно да му судат на некој друг врз основа на надворешниот изглед, но запомнете дека сите водиме свои битки, кои не можете да ги разберете освен ако не сте желни да слушате и да учите.

Ако мислите дека имате синдром на полицистични јајници, ве замолувам да не се плашите да побарате медицински совет. Битката е тешка, но колку побрзо ви биде поставена дијагноза, толку порано ќе се справите со симптомите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.