Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Девојка која била исмејувана заради брадата во невестинска фотосесија

ФОТО: Девојка која била исмејувана заради брадата во невестинска фотосесија

Хернам Каур страда од синдром на полицистични јајници и како последица на тоа се бори со зголемена влакнетост.

Хернам Каур

24-годишната девојка од својата единаесетта година има невообичаено влакнесто лице.

„Си го депилирав лицето со восок два до три пати неделно, а во деновите кога не можев да ја издржам болката, едноставно се бричев“ – рекла таа за Rock N Roll Bride.

Бидејќи била исмејувана од своите врсници, Каур се самоповредувала и дури и помислувала на самоубиство. Но, наместо да си го одземе животот, таа решила да го прифати својот изглед и да се обиде да ги промени стандардите за женската убавина.

„На 16 години го достигнав дното. Цела година имав самоубиствени мисли, бидејќи бев малтретирана на училиште и од луѓето во општеството. Се криев и не сакав да излегувам во јавност. Мојата спална соба беше моето скривалиште. Бев во голема депресија. Се сеќавам како седев на креветот и размислував да си го одземам животот. Но, наместо тоа, започнав да се советувам себеси. Си реков: Целата енергија која ја вложуваш во тоа да си го одземеш животот вложи ја во тоа да си го промениш животот и да направиш нешто подобро“ – раскажала таа.

„Сега се заљубив во елементите од моето тело кои луѓето ги нарекуваат „недостатоци“. Ја сакам мојата брада, моите стрии и моите лузни. Тие елементи ме прават тоа што сум, тие ме прават целосна“ – додала Каур.

Британката Луиза Културст била импресионирана од ставот и убавината на Каур, па ја поканила да биде модел во невестинска фотосесија.

Хернам Каур Хернам Каур Хернам Каур Хернам Каур Хернам Каур Хернам Каур

Каур, која доби илјадници охрабрувачки зборови и пофалби од луѓе од целиот свет, порачува да не бидеме премногу груби кон себе. „Сите ние сме несовршено совршени“ – вели таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19673 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.