Почетна » Новости » Животни стории » Девојка со МС се струполува по секоја трка, но не се откажува од трчањето

Девојка со МС се струполува по секоја трка, но не се откажува од трчањето

Кејла Монтгомери е инспиративна девојка која не се откажува од трчањето иако по секоја трка се струполува во рацете на својот тренер, бидејќи не ги чувствува своите нозе.

Кејла Монтгомери Кејла Монтгомери

Упорната тинејџерка страда од мултиплекс склероза, заболување кое ја попречува комуникацијата помеѓу нејзиниот мозок, ‘рбетниот столб и нозете. Сметајќи ја својата подвижност за дарба, Кејла тренира напорно затоа што не знае уште колку долго ќе може да ја следи својата страст – трчањето.

Краткото видео „Catching Kayla“, кое ја раскажува животната приказна на Кејла, деновиве инспирира стотици илјади луѓе од целиот свет кои со восхит гледаат на нејзините постигнувања и нејзината решителност.

И покрај тоа што четири години живее со ужасната болест, Кејла успеа да стане една од најдобрите млади атлетичарки. „Кога стигнувам на целта, се чувствувам како да нема ништо под мене. На почетокот на трката сè е нормално, но потоа нозете постепено ми се здрвуваат. Се имам истренирано себеси да мислам на други работи додека се натпреварувам. Но, кога ќе го прекинам движењето, не можам да си ги контролирам нозете и паѓам“ – изјавила таа за The New York Times.

МС е непредвидлива болест и не се знае како ќе продолжи да се развива кај Кејла, па затоа таа го користи секој миг до максимум и ветува дека ќе трча сè додека е способна за тоа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.